Публикација за полесно читање на буџетот - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Публикација за полесно читање на буџетот PDF Print E-mail
Friday, 28 January 2011 13:45

МЦМС во соработка со Американ колеџ од Скопје деновиве го издаде Прирачникот за партиципативно буџетирање чии автори се доц. д-р Никица Мојсоска - Блажевски и м-р Мишо Николов.

Прирачник за партиципативно буџетирање

Публикацијата им е наменета на граѓанските организации, државните службеници, студентите и општо на јавноста за да им помогне да се запознаат со основните и факти за буџетот на Република Македонија, за економијата на јавните пари и за концептот на партиципативно буџетирање. Таа треба да овозможи буџетот да биде лесно читлив, а граѓаните да станат активни чинители во дебатата за буџетот, како националниот така и локалните. На овој начин, ќе се зголеми буџетската писменост на граѓаните како основен предуслов за вклучување во формулирање на буџетите на локалната самоуправа по нивна мерка. Преку публикацијата, граѓаните, локалната самоуправа и носителите на политиката имаат можност да го осознаат концептот на партиципативно буџетирање, како и позитивните резултати од неговото воведување во формулирањето на буџетите на локално ниво.

Публикацијата ќе биде користена како ресурсен материјал при обуките за партиципативно буџетирање, а ќе им користи и на студентите како дополнителна литература.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Публикација за полесно читање на буџетот