Проекти за модернизација на образованието - извршно резиме |
![]() |
![]() |
![]() |
Monday, 13 October 2008 14:59 | |||
Како одговор на горенаведените предизвици Владата на Република Македонија имплементира заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во износ од 5 милиони УСД, грант во износ од 10 милиони ЕУРО од Холандската Влада и 3 милиони УСД учество на Владата на Република Македонија за Проектот за модернизација на образованието. Општа цел на проектот е придонес кон осовременување и модернизација на образованието во Република Македонија. Цел на проектот е придонес кон унапредување на квалитетот на наставата и зголемување на учеството во наставата во целните училишта на проектот. Една од компонентите на проектот е градење на капацитетие и професионален развој на наставниците во основните и средните училишта. Единицата за координација на проектот при Министерството за образование и наука, во април 2006 г. издаде Каталог на провајдери и нивни програми за обука на наставниците, во кој се вклучени темите, наставните програми, содржината и цената на обуките. Училиштата, во зависност од потребите и висината на расположливиот грант кој Министерството за образование и наука му го доделува на секое училиште, избираат тема на обука и провајдер кој сакаат да им ја испорача избраната обука. По селекцијата од страна на училиштата, провајдерите склучуваат Договор со Министерството за образование и наука во кој ги прецизираат сите детали во врска со испорака на обуката. За учебната 2007/2008 година МЦМС има склучено Договор со министерството за образование и наука за испорака на 1 (една) обука за Вештини на комуникација за ОУ Христијан Тодоровски Карпош, Скопје. Ќе бидат обучени 7 наставници и друг училишен персонал. Временски период на спроведување е 01 мај – 31 декември 2008 г. Финансискиот план на проектот изнесува 96. 030,00 МКД (директни трошоци) Тековен извештај од програмата.
|