Проекти за модернизација на образованието - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Проекти за модернизација на образованието - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 13 tetor 2008 14:59

pmoАнализата на состојбата со професионалниот развој на наставниците во текот на нивното работење направена од страна на Министерството за образование и наука укажува на недостаток на усогласени инвестиции во оваа сфера, посебно кога ќе се спореди со иницијалното образование на наставниците. Обуката на наставниците во текот на работата со цел да одговорат на новите предизвици во Македонија не е задолжителна и се обезбедува во прилично ограничен степен.

Како одговор на горенаведените предизвици Владата на Република Македонија имплементира заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во износ од 5 милиони УСД, грант во износ од 10 милиони ЕУРО од Холандската Влада и 3 милиони УСД учество на Владата на Република Македонија за Проектот за модернизација на образованието.

Општа цел на проектот е придонес кон осовременување и модернизација на образованието во Република Македонија.

Цел на проектот е придонес кон унапредување на квалитетот на наставата и зголемување на учеството во наставата во целните училишта на проектот.

Една од компонентите на проектот е градење на капацитетие и професионален развој на наставниците во основните и средните училишта.

Единицата за координација на проектот при Министерството за образование и наука, во април 2006 г. издаде Каталог на провајдери и нивни програми за обука на наставниците, во кој се вклучени темите, наставните програми, содржината и цената на обуките.

Училиштата, во зависност од потребите и висината на расположливиот грант кој Министерството за образование и наука му го доделува на секое училиште, избираат тема на обука и провајдер кој сакаат да им ја испорача избраната обука. По селекцијата од страна на училиштата, провајдерите склучуваат Договор со Министерството за образование и наука во кој ги прецизираат сите детали во врска со испорака на обуката. За учебната 2007/2008 година МЦМС има склучено Договор со министерството за образование и наука за испорака на 1 (една) обука за Вештини на комуникација за ОУ Христијан Тодоровски Карпош, Скопје. Ќе бидат обучени 7 наставници и друг училишен персонал.

Временски период на спроведување е 01 мај – 31 декември 2008 г.

Финансискиот план на проектот изнесува 96. 030,00 МКД (директни трошоци)

Тековен извештај од програмата.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Проекти за модернизација на образованието - извршно резиме