Градење капацитети и модернизација на ЕЛС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети и модернизација на ЕЛС PDF Print E-mail
Friday, 09 January 2009 12:36

Со процесот на децентрализација, голем дел од надлежностите за локалниот развој се делегирани на општинските администрации.

Кај голем дел од локалните самоуправи, посебно руралните, човечките капацитети се недоволни за приближување на општините до граѓаните, реализирање на нови развојни инцијативи и испорака на поквалитетни услуги.

Ефективно спроведување на новите ингеренции делегирани со процесот на децентрализација е условено од изградениот институционален и управувачки капацитет кој се јавува како еден од најважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на општините е еден од предусловите за ефективна и ефикасна локална самоуправа која ќе биде спремна брзо и навремено да одговори на потребите и барањата на своите граѓани.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше подобрени организациски и институционални капацитети на руралните и други мали заедници за развојни иницијативи. Целна група на проектот беа граѓаните од 13-те фокус општини на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ): Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Желино, Чашка, Конче, Теарце, Велес и Прилеп. Целното подрачје ги опфаќаше горенаведените општини. Обуките и работилниците се спроведоа во Битола, Охрид, Скопје. Поддршката за модернизација се спроведе во 8-те селектирани фокус општини: Теарце, Могила, Прилеп, Карбинци, Конче, Велес, Чашка и Лозово.

Очекувани резултати беа: зајакнати човечки ресурси во локалните самоуправи за управување и раководење, и поттикната модернизација на услугите на локалните самоуправи.

Активностите преку кои се постигнаа горенаведените резултати беа:

  • Поддршка на активности на локалните самоуправи за модернизација на услугите во 8-те селектирани фокус општини: Теарце, Могила, Прилеп, Карбинци, Конче, Велес, Чашка и Лозово и
  • Обука за раководење со проектен циклус, Работилница: Методологија за проценка и одредување на локални даноци и такси и Обука за раководење со човечки ресурси и тимска работа.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот беше отсуството на значајни промени во структурата на локалната самоуправа и постоење на капацитет на локалните самоуправи за навремено и успешно спроведување на проектите кои ќе бидат финансиски поддржани од МЦМС.

МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со општините имаше одговорност и за неговото спроведување.

Посебен ризик за за навремената и успешната реализација на проектот беше спроведувањето на претседателските и локални избори во март 2009, што можеше да резултира во недоволен интерес за учество на планираните обуки и работилници, и недоволен интерес за пријавување на повикот за финансиска поддршка на проекти за модернизација на услугите на локалните самоуправи.

Исто така, можен ризик за успешна реализација на проектот беше премногу оптимистичкото планирање и недоволниот капацитет на локалните самоуправи за навремена и успешна реализација на проектите кои ќе бидат финансиски подджани од МЦМС.

Временскиот период на спроведување беше 20 февруари – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот извештај на проектот изнесува 1.638.238,50 МКД (директни трошоци). МЦМС обезбеди 1.348.476,50 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства се сопствено директно учество на општините во износ од 289.762,00 МКД.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Градење капацитети и модернизација на ЕЛС