Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП PDF Print E-mail
Thursday, 16 April 2009 12:01

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и АДКОМ, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки Јавните комунални претпријатија (ЈКП) имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на АДКОМ и на нејзините конституенти членки Јавните комунални претпријатија (ЈКП) се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.
Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во локалните и руралните заедници.

Цел на проектот е подготвеност на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот се заедници, Јавни комунални претпријатија (ЈКП) и АДКОМ.

Целното подрачје ја опфаќа целокупната територија на Република Македонија.

Очекувани резултати се: Подобрена соработка на АДКОМ со сродни актери од регионот и пристап до нови фондови, и Подобрена информираност и поттикната модернизација на услугите на ЈКП.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Работилница за идентификација на приоритетни проблеми и потреби за формулација на пријава до КС-Норвешка; Посета на сродни организации во регионот; Работилница за вовед во дефинирањето на клучни индикатори за изведба на водоснабдување и третман на отпадни води; Работилница за воведување на ХАССП во ЈКП; Работилница за добивање на дозволи и согласности во управувањето со комуналниот и на него сличен отпад во согласност со Законот за животна средина и Законот за управување со отпад; Работилница за воведување на ГИС во ЈКП; Работилница за управување со отпадни води; и Изработка на Правилник за водоснабдување и канализација.

МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со АДКОМ имаат одговорност за негово спроведување.

Успешната и навремена реализација на проектот ќе зависи од претпоставката дека АДКОМ и нејзините членки имаат капацитет за успешно и квалитетно да ги спроведат планираните активности. Оттука, еден од ризиците во остварување на целите на проектот е непостоење на доволен капацитет на АДКОМ и нејзините членки за соработка. Тоа може да доведе до пробивање на планираните рокови за спроведување на проектните активности или до не/нецелосно спроведување на дел од активностите.

Одржувањето на локалните и претседателски избори во март 2009 година, се гледа како ризик кој, иако е земен во предвид при планирањето на активностите, може да влијае на поместување на планираната динамика за спроведување на активностите. Посебно се истакнува ризикот од традиционалното спроведување на поголеми кадровски и стратешки промени во локалната самоуправа со промена на градоначалниците/политичката партија на власт на локално ниво.

Ризик за (не)успешна реализација на целите на проектот е во корелација со поддршката на АДКОМ од други актери/агенции. Имено, планираната поддршка со проектот може да не е доволен инпут во остварувањето на целта на проектот. Синергијата помеѓу планираните проектни активности и поддршката од другите релевантни актери/агенции е секако важен удел во подобрување на капацитетите на АДКОМ и нејзините членки.

Временскиот период на спроведување е 24 февруари – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 779.000 МКД МКД (директни трошоци).  МЦМС обезбедува 590.500 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства во износ од 188.500 МКД се сопствено директно учество на АДКОМ.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП