Monday, 16 October 2006 01:00 |
Обука за административно работење Македонскиот центар за меѓународна соработка, во рамките на програмата за јакнење на невладините организации утре стартува со дводневна обука за административно работење. На семинарот што ќе опфати административно-техничка обработка на документи, значењето на канцелариското и архивското работење и распоредување и евидентирање на документите можат да учествуваат членови на здруженија на граѓани чии целни групи се жени, малцинства, хендикепирани и млади. МЦМС ќе покрие 90 проценти од трошоците. (С.Кц.) Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)
|