Monday, 16 October 2006 01:00 |
ШТИП - Во изминатиот викенд потплачковичкото село Кучица, во атарот на Општина Карбинци, доби водовод. На свечениот чин во селото со триесет куќи и 150 жители од турската етничка заедница Јуруци присуствуваа и Амед Дурмиш од турската амбасада и Кенан Хасип, пратеник во парламентот и претседател на Демократската партија на Турците во Македонија. Водоводот во употреба го предадоа Боро Гаврилов, градоначалник на Карбинци, и Роман Пападимитров од невладината организација МЦМС, која во Македонија финансирала стотина објекти од комунален карактер, а беше и главен финансиер на овој водовод чијашто вредност изнесува 50.000 евра, од кои 95 отсто се донација на МЦМС.
|
|
Monday, 16 October 2006 01:00 |
Неколку илјади ученици, студенти и читатели на дневни весници ќе бидат во фокусот на пет проекти, финансирани од ЕУ со цел промовирање на меѓуетничкото помирување во земјава. Проектите, кои се дел од пошироката програма во вредност од три милиони евра, финансирана од ЕУ за развој на граѓанското општество, вчера беа претставени на промоцијата во Европската агенција за реконструкција, на која присуствуваше и заменик-премиерот Радмила Шекеринска.
|
Monday, 16 October 2006 01:00 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка на 27 јуни, годинава, на свечен начин ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн". Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија се: Град Скопје (за јавност и соработка), Фондацијата Институт отворено општество Македонија (за долгогодишен придонес) и Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина" од Гостивар (за постигнувања во претходната година). Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" ја добија "Полио плус - постполио група за поддршка" и Комуна АД Скопје, и двете за постигнувања во претходната година.
|
Monday, 16 October 2006 01:00 |
Обука за административно работење Македонскиот центар за меѓународна соработка, во рамките на програмата за јакнење на невладините организации утре стартува со дводневна обука за административно работење. На семинарот што ќе опфати административно-техничка обработка на документи, значењето на канцелариското и архивското работење и распоредување и евидентирање на документите можат да учествуваат членови на здруженија на граѓани чии целни групи се жени, малцинства, хендикепирани и млади. МЦМС ќе покрие 90 проценти од трошоците. (С.Кц.) Извор: Утрински весник (16.октомври.2006) |
|
|
|
|
Page 43 of 56 |