Дневник: Поврзување на триаголникот Кукс-Гостивар-Призрен - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дневник: Поврзување на триаголникот Кукс-Гостивар-Призрен PDF Print E-mail
Thursday, 10 August 2006 01:00

Во регионот живеат околу 400 илјади жители, меѓутоа нивната комуникација е многу слаба поради слабата меѓугранична инфраструктура

Невладини организации со проект за меѓугранична соработка, преку оспособување на администрацијата и зајакнување на човечките капацитети работат на поврзување на триаголникот Кукс-Призрен-Гостивар. Со воспоставување партнерства и изработка на стратегиски план, општините ќе се обидат да ја заинтересираат меѓународната заедница да инвестира во развојот на ова планинско подрачје. Идејата се наоѓа во фокусот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦСМ), како дел од нивните меѓународни програми.

- Развивањето на оваа идеја за триаголникот Гостивар-Кукс- Призрен се појави откако претходно се обидовме да ги поврземе соседните општини Кукс и Драгаш. Набрзо, утврдивме дека има потреба од поврзување и со општини од зад македонската граница - објасни Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС.

Според Клековски, во прво време би се воспоставиле врски помеѓу локалните власти од пограничните општини, потенцирајќи дека од македонската страна, тоа може да бидат општините Боговиње или Маврово-Ростуше, со оглед на нивната географска поставеност.

Од досегашните искуства и контакти било утврдено дека, иако се блиску, овие општини, досега, речиси и да немале меѓусебна соработка. Населението во овој регион нема многу можности за комуникација, најмногу поради слабата меѓугранична инфраструктура. Во овој триаголник живеат над 400 илјади жители. Според сознанијата на МЦМС, за да дојде еден жител од Кукс во Македонија му требаат 20 часа и при тоа да направи трошок од 30 евра. Ако би имало граничен премин кај Кукс патувањето би се скратило на 2,5 часа.

- Очекуваме да се создадат економски предуслови и да следуваат инфраструктурни зафати во кои би инвестирале земји од Европската Унија. На тој начин, овој триаголник за три до пет години би станал атрактивен за инвестирање, што би значело и негов развој - нагласи Клекоски.

Во 2003 година, во регионот на општината Маврово-Ростуше беше отворен привремениот граничен премин Стрезимир, кој требаше да овозможи побрза и поедноставна комуникација на регионите на Гора (Косово) и Долна Река (Македонија). Поради неповолните климатски услови што владеат во ова планинско подрачје во зимскиот период преминот Стрезимир не се користи. Во голем дел влијае и визниот режим, бидејќи државјаните на Албанија од регионот на Кукс, визи за влез во Македонија може да вадат само во Тирана, а не и на граничните премини.

ОД МЦМС се оптимисти дека реализацијата на оваа идеја ќе биде успешна, бидејќи интерес пројавиле и локалните невладини организации.

Зоран Г.Маџоски

 

Извор: Дневник (10.Август.2006)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Дневник: Поврзување на триаголникот Кукс-Гостивар-Призрен