MCIC in the Media - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

MCIC in the Media
Утрински весник: Oтворен шестиот саем на невладини организации PDF Print E-mail
Saturday, 17 November 2007 01:00

Под мотото „Различни а еднакви“ вчера беше отворен шестиот НВО-саем, на кој учествуваат околу 130 невладини организации и здруженија на граѓани. Темата на овој саем е „Еднакви можности за сите“, чија цел е да се информира јавноста со активностите на граѓанскиот сектор, да се зголеми соработката меѓу НВО-секторот и да се поттикнува дијалог.

 
Вечер: Европска година за еднакви можности PDF Print E-mail
Saturday, 17 November 2007 01:00

На Скопскиот саем вчера беше отворен и шестиот по ред саем на невладини организации.

Под мотото Различни, а еднакви" 130 НВО од целата држава ја информираа јавноста за своите активности на вчера отворениот саем на невладини организации, кој има за цел зголемена соработка меѓу НВО и поттикнување на дијалогот меѓу актерите во општеството.

 
Дневник: Граѓаните најмногу веруваат во семејството, најмалку во партии PDF Print E-mail
Friday, 12 October 2007 01:00

Граѓаните во Македонија најмногу му веруваат на семејството, а најмалку на политичките партии, покажало истражувањето спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС предупредува дека е загрижувачки што во земјава е релативно ниска општата доверба - 57,3 проценти и довербата во институциите, која изнесува 43,1 проценти.

 
Утрински весник: Граѓаните најмногу веруваат во црквата, а најмалку во судството PDF Print E-mail
Friday, 12 October 2007 01:00

Граѓаните не им веруваат многу на институциите. Впечатлива е поголемата доверба на микроплан и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Најголема е довербата во семејството, образовните институции и црквите, а најмалку во судството, синдикатите и во партиите. Надвор од државните институции граѓаните најмногу можат да се потпрат на медиумите, а најскептични за кажување на вистината според анкетираните се политичките партии. Ова е генералниот заклучок што може да се извлече од најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка направено во текот на јули кога биле анкетирани 1.601 граѓанин.

 

 


Page 37 of 56

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media