Доверба во Владата е зголемена кај етничките Македонци и изнесува 56,2 проценти, а е на исто ниво како претходно кај етничките Албанци која изнесува 38,5 отсто.
На Скопскиот саем ќе бидат отворени две саемски манифестации - Третиот ЗЕЛС Експо и Петтиот НВО Саем, кои покрај тоа што ќе имаат издвоени настани ќе имаат и заеднички панел дискусии што ќе се однесуваат на процесот на децентрализацијата и соработката меѓу граѓанскиот сектор и локалните самоуправи.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе го промовираат „Адресарот на општините во Република Македонија“.