Wednesday, 14 March 2007 01:00 |
МЦМС има потреба од соработник што ќе биде ангажиран во програмата Водоснабдување на општина Јегуновце. Соработникот треба да ги организира и спроведува проектите од програмата, да врши координација со вклучените организации и институции и да прави мониторинг на активностите за градба на системот за водоснабдување на општина Јегуновце.
Ангажманот е на определено време од девет месеци.
Кандидатот треба да ги исполнува општите и следните посебни услови:
- основни познавања за концептите на работата на МЦМС;
- искуство со реализација и контрола на проекти за градба на системи за водоснабдување;
- способност за комуникација (усна и писмена), презентација и ширење на информации, како и прилагодување кон нови задачи;
- способност за тимска работа;
- минимална стручна подготовка VII степен на образование - Градежен факултет (предност ќе имаат кандидатите со хидроградежен смер);
- познавање на англиски јазик;
- докажана способност да работи со компјутери и
- возачка дозвола (Б категорија).
Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на знаењата.
Кандидатите треба да достават: пријава, биографија и потврда за завршено образование.
Конкурсот е отворен до 21 март 2008 г., до кога треба да се достави пријавата за работа на е-маил адреса:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
, по пошта или лично на адреса на: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бб, П.ф. 55, 1060 Скопје.
Изборот ќе се изврши во рок од 8 (осум) дена, од затварањето на огласот, а кандидатите ќе бидат писмено известени за извршениот избор.
Пријава за работа (.doc) |