Оглас за засновање работен однос на определено време - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за засновање работен однос на определено време PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 14 mars 2007 01:00
МЦМС има потреба од соработник што ќе биде ангажиран во програмата Водоснабдување на општина Јегуновце. Соработникот треба да ги организира и спроведува проектите од програмата, да врши координација со вклучените организации и институции и да прави мониторинг на активностите за градба на системот за водоснабдување на општина Јегуновце.

Ангажманот е на определено време од девет месеци.

Кандидатот треба да ги исполнува општите и следните посебни услови:

  • основни познавања за концептите на работата на МЦМС;
  • искуство со реализација и контрола на проекти за градба на системи за водоснабдување;
  • способност за комуникација (усна и писмена), презентација и ширење на информации, како и прилагодување кон нови задачи;
  • способност за тимска работа;
  • минимална стручна подготовка VII степен на образование - Градежен факултет (предност ќе имаат кандидатите со хидроградежен смер);
  • познавање на англиски јазик;
  • докажана способност да работи со компјутери и
  • возачка дозвола (Б категорија).

Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на знаењата.

Кандидатите треба да достават: пријава, биографија и потврда за завршено образование.

Конкурсот е отворен до 21 март 2008 г., до кога треба да се достави пријавата за работа на е-маил адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , по пошта или лично на адреса на: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бб, П.ф. 55, 1060 Скопје.

Изборот ќе се изврши во рок од 8 (осум) дена, од затварањето на огласот, а кандидатите ќе бидат писмено известени за извршениот избор.

Пријава за работа (.doc)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Оглас за засновање работен однос на определено време