Оглас за обуки |
Monday, 17 September 2018 15:39 |
Во чест на одбележувањето на 25 годишнината од основањето, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ќе организира две бесплатни обуки за заинтересираните претставници на граѓанските организации и граѓански активисти. Обуката за обучувачи ќе се спроведе во периодот од 2 до 4 октомври 2018 година, а обуката за административно и архивско работење, во периодот од 15 до 17 октомври 2018 година. Двете обуки ќе се спроведат во Скопје, во просториите на МЦМС. Обуката за обучувачи ќе им понуди на учесниците знаења и практични вештини за испораката на обуки за групи, за методите и техниките на спроведување интерак-тивна обука; за употреба на визуелни помагала; за пре-зентациски вештини, за дизајнирање сесии за обука и др. Со обуката за административно и архивско работење, учесниците ќе стекнат знаења и практични вештини за тоа како се подготвуваат и вреднуваат актите, како се подготвува план за архивски знаци, како се примаат и испраќаат актите и како се евидентираат во деловодник, како се архивираат и како се подготвува листа на архивска граѓа од трајна вредност. Заинтересираните може да се пријават со пополнување на пријава за обуката. Рокот за пријавување за двете обуки е 26 септември 2018 година (среда). Пријавите ќе бидат оценети и селектирани од страна на МЦМС и обучувачите. Бројот на учесници е ограничен. МЦМС ќе ги покрие сите трошоци за обуката, освен патните и трошоците за сместување за учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје. За сите дополнителни информации контактирајте ја Александра Сиљановска, на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it МЦМС е меѓу првите организации (1996 година) кои понудија обуки и консултации за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, но и на државните институции. До сега спроведовме околу 1.100 обуки и консултации за над 29.500 учесници. Благодарение на нив, учесниците се стекнаа со знаења и вештини кои им ја олеснија секојдневната работа. На овој начин, МЦМС остана доследен на пополнувањето на празнините од формалното образование за работата во граѓанскиот сектор. Оваа понуда е дел од одбележувањето на 25 годишнината и доаѓа во месецот кога се одбележува Меѓународниот ден на учителот (5 октомври). Така, МЦМС уште еднаш ја потенцира важноста на концептот на доживотно учење. |