Конкурс за истражувачки стории за корупција |
E mërkurë, 01 qershor 2016 15:20 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) ги покануваат сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство да понудат предлог теми за истражувачки стории поврзани со корупцијата. Предложените теми може да опфатат:
Конкурсот е отворен до 15 јуни, а рокот за подготовка на сториите е 29 јули 2016 година. Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 200.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 20.000 денари (бруто). Ќе бидат избрани вкупно 10 предлози. Од изработените истражувачки стории, ќе бидат избрани три најдобри кои ќе бидат наградени. Вкупниот фонд на средства за наградите изнесува 150.000 денари. Целиот конкурс и документите за пријавување:
Комплетните пријави треба да се достават до Миша Поповиќ, на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë и Марија Саздевски на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Конкурсот е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС во соработка со ИДСЦС, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ). |