Промоција на даночните поттикнувања за физичките лица - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на даночните поттикнувања за физичките лица - извршно резиме PDF Print E-mail

Донирај од својот персонален данок на доходВо јануари 2007 година беше донесен Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД). Целта на донесувањето на ЗДСЈД беше да се овозможи поголемо вклучување на физичките и правните лица преку даночни олеснувања и ослободувања за донирањето и спонзорирањето. Даночните поттикнувања кај персоналниот данок за физичките лица кои донираат, предвидени со ЗДСЈД може да придонесат во зголемувањето на домашната поддршка на граѓанските организации, но и тие да ги зацврстат врските со своите целни групи или општо со граѓаните. Оваа можност е сè уште непозната кај можните донатори (засега ограничен број околу 30.000 физички лица кои поднесуваат даночни пријави), граѓанските организации треба да преземат активности за нејзино промовирање.

Општа цел на проектот е придонес кон финансиската одржливост на МЦМС преку јакнење на јавната свест за можностите за поддршка на граѓанските организации.

Цел на проектот е да се промовираат даночните поттикнувања кај персоналниот данок за физичките лица.

Целна група на проектот се граѓаните на Република Македонија. Директни корисници се МЦМС, Полио плус, а потенцијално и сите други граѓански организации во Република Македонија. Целно подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје.

Очекуван резултат на проектот се поттикнати физички лица - даночни обврзници да одвојат дел од персоналниот данок за МЦМС или другите граѓански организации за активности од јавен интерес.

За реализација на проектот се предвидени следните активности: медиумска кампања, промоција на интернет и директна пошта.

 

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History