Создавање рамка за учество на ГО во креирање на буџетот на РМ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Создавање рамка за учество на ГО во креирање на буџетот на РМ PDF Print E-mail

Дел од предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесите на нејзината транзиција и на зачленувањето во ЕУ и НАТО се однесуваат на доброто управување, поточно на намалување на корупцијата и организираниот криминал, на зголемување на одговорноста, отчетноста и транспарентноста на државата. Процесот на транспарентно и партиципативно донесување на буџетот на Република Македонија значително ќе придонесе кон остварување на дел од сите горе спомнати предизвици.  Вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во буџетскиот процес бара двострана активност: и од владата, но и од граѓанските организации. Неопходно е Владата да ги преземе сите мерки кои што се предвидени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор кои што се однесуваат на вклучувањето на граѓаните во буџетскиот процес, меѓутоа исто толку е важно и граѓанските организации од своја страна да се оспособат за застапување и лобирање на нивните интереси кои што може да бидат преточени во буџетот на Република Македонија.

МЦМС веќе започна со активностите за јакнење на капацитети за анализа на финансиски податоци на граѓанските организации, локалната самоуправа и државните институции преку обуки и студиска посета. Како потреба се наметнува донесување на соодветна правната регулатива за овозможување на активно учество во процесот на донесување на државниот буџет, кој ќе ги одразува општествените приоритети.

Општа цел на проектот е зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е да се придонесе кон воспоставување рамка за транспарентно и партиципативно вклучување на јавноста во процесот на подготовка на државниот буџет, кој ќе ги одразува општествени приоритети.  

Целна група се граѓанските организации и органите на државната управа. Директни корисници се организациите членки на ГПМ, Министерството за финансии и Одделението за соработка со невладините организации. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје.

Очекувани резултати од проектот се:

  1. Подготвена компаративна анализа на позитивни практики од неколку држави од регионот и пошироко;
  2. Подготвен предлог за механизми за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во буџетскиот процес.

За да се постигнат планираните резултати ќе бидат преземени следниве активности:

  • Подготовка на компаративна анализа

Локален експерт ќе биде ангажиран да подготви компаративна анализа на позитивни практики од неколку држави од регионот и пошироко. Анализата ќе биде наменета како за граѓанските организации така и за релевантни државни институции (Влада на РМ, Министерство за финансии и др.) и треба да претставува корисен извор на информации за понатамошно овозможување на вклучување на граѓаните и граѓански организации во буџетскиот процес. Ќе биде подготвено само електронски изданија на анализата на македонски и на англиски јазик. Вкупниот тираж ќе биде 400 копии.

  • Подготовка на механизам и консултации

Предлогот механизам (правилник/упатство/кодекс) за вклучување во буџетскиот процес исто така ќе биде подготвен од страна на локален експерт. Механизмот ќе треба да содржи современи и сеопфатни механизми за вклучување на граѓаните и пред се граѓанските организации во консултативните процеси при креирање на буџетот на Република Македонија. Предлог механизмот ќе биде следен од работна група на проектот, а исто така ќе бидат организирани најмалку 2 јавни расправи од кои една ќе биде за организациите надвор од Скопје. Усогласениот документ преку Одделението за соработка со невладините организации ќе биде доставен до одговорните тела за понатамошно процесирање и усогласување во рамките на Владата. 

Периодот на спроведување е 1 декември 2010– 30 јуни 2011 година.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Владата покажува интерес за активно вклучување на граѓанските организации во буџетскиот процес; предложениот механизам ги одразува барањата на граѓанските организации и е во согласност со постоечкиот правен систем на Република Македонија, односно е спроведлив; Граѓанските организации имаат потреба од поголема вклученост во буџетскиот процес.

Настаните кои ќе бидат организирани во рамките на проектот ќе бидат соодветно и навремено промовирани до граѓанските организации и во јавноста. Како можен ризик може да се јави недоволната заинтересираност од страна на Министерството за финансии и Владата за регулирање на оваа проблематика.

Буџетот изнесува 645.700 денари.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History