Протест Еден мора да си оди - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Протест Еден мора да си оди - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Велес веќе 30 години е најзагадениот град во Република Македонија како резултат на долгогодишната работа на Топилницата. Според Светската здравствена организација градот е класифициран како ризично и критично место за живеење.

Протест Еден мора да си одиЗаради економски причини, Топилницата не работи во последните пет години. Целата опрема е во многу лоша состојба. Оваа година странски инвеститори сакаат да ја купат и да ја рестартираат Топилницата. Граѓанските организации (ГО) од Велес обединети во Зелената коалиција, јавно го кренаа својот глас против рестарирањето на фабриката на старата локација и со старата технологија. Имаше повеќе преговори со надлежните институции за барање за обновување на инсталациите или дислокација на Топилницата, но истите завршија безуспешно. Надлежните институции ќе му дозволат на инвеститорот да работи со стара инсталација, што е спротивно на Законот за заштита на животната средина и Уставот на Р. Македонија. Велес се наоѓа во ризичен момент, за велешани прашањето на рестартирање на Топилницата без обнова на инсталациите или нејзина дислокација е прашање на живот.

Општа цел на проектот е организирање кампања за намалување на загадувањето на Велес. Цел на проектот е организирање протест за изразување на мислењето и волјата на жителите на Велес за обнова или дислокација на Топилницата со мотото „Еден мора да си оди“.

Целна група на проектот се Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Владата на Република Македонија и актуелниот инвеститор во Топилницата. Директни корисници се жителите на Велес. Целно подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Велес.

Очекувани резултати на проектот се:

Информирана јавност за состојбата со животната средина во Велес;
Информирани надлежни институции;
Упатен протест до актуелниот инвеститор во Топилницата;
Јавно изразување на ставот на граѓаните, ГО и локалните чинители да не се дозволи рестартирање на Топилницата на постојната локација и со старата технологија
За реализација на проектот се предвидени следните активности:

а) Информирање на надлежните институции
Членките на Зелената коалиција ќе одржат состаноци и работилници со претставници на општина Велес, членовите на Собранието на Република Македонија од Велес, како и со претставникот на Европската унија. На состаноците Зелената коалиција ќе ги запознае надлежните институции со проблемот и барањата на локалното население и ГО.

б) Протест “Еден мора да си оди“
Протестот ќе се одржи на 10 јуни 2008 г. со почеток во 19:00 часот на плоштадот Сармаале во Велес. Се очекува да присуствуваат 4-5.000 граѓани кои ќе дадат поддршка на барањата на Зелената коалиција за рестартирање на Топилницата на нова локација со обновена современа технологија. По обраќањето на ГО, членки на Зелената коалиција ќе се пуштат црни балони, како спомен на црниот чад кој 30 години излегуваше од Топилницата. Потоа учесниците на протестот ќе се упатат кон Топилницата, каде ќе се запалат 1.000 свеќи во спомен на илјадниците жртви на 30-годишното загадување од Топилницата.

Периодот на спроведување е 1 јуни – 30 јуни 2008 година.

Информации за проектот ќе се достават до сите медиуми, членки на ГПМ, како и до останатите клучни чинители во земјата и странство. Координацијата ќе се одвива по електронски пат, како и со писмено известување, согласно начинот на комуникација со различните актери. На протестот ќе бидат поканети националните и локалните електронски и печатени медиуми, како и останатите клучни актери од деловниот и од владиниот сектор, граѓанските организации и повеќе јавни личности од Велес и земјата.
Можни ризици за проектот се временските услови и недобивањето дозвола од надлежните институции за одржување на протестот.

Буџетот изнесува 99.000 денари.

 

Завршен извештај од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet