Доверба во Владата и локални избори - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доверба во Владата и локални избори PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 19 prill 2021 11:46

Датум: април 2021
Автор: Гонце Јаковлеска и Фанија Ивановска
PDF: istrazuvanje-za-doverba-vo-vlada-i-lokalni-izbori.pdf

Во овој извештај се презентирани и анализирани ставовите на граѓаните за довербата во владата, моменталните политички случувања во државата и локалните избори добиени преку испитувањето на јавното мислење во периодот 17 до 24 март 2021 г. кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект. 

Малцинство од граѓаните (42,0%) имаат доверба во Владата, а меѓу нив, побројни се етничките Албанци (61,8%) и припадниците на другите заедници (51,5%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“ посветено на некои актуелни политички прашања. Овде се презентирани резултатите од делот за доверба во Владата, додека делот за локалните избори ќе биде презентиран до крајот на неделата. 

Околу три четвртини од граѓаните се согласни дека земјата е во политичка криза. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (87,6%) и неопределените (78,6%) се побројни меѓу нив. Прашани за тоа што сметаат дека е решението за надминување на политичката криза, најголем број од граѓаните, односно 36,0% рекле дека тоа се предвремените парламентарни избори. Околу ¼ веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата, додека за 15,7% решението е формирање широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Гледано од перспектива на етничката припадност, етничките Македонци почесто го бирале одговорот „предвремените парламентарни избори“ (42,4%), а етничките Албанци повеќе веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата (47,0%).

Имајќи ги предвид дискусиите за вклучување на етничката припадност во личните карти, граѓаните беа прашани за нивниот став во врска со тоа прашање. Тие се поделени, односно, 49,7% се согласуваат со вклучување на етничката припадност во личните карти, а 48,7% не се согласуваат. Поддршката е поизразена кај етничките Албанци (83,5%) и припадниците на другите заедници (77,3%).

Уште две прашања беа вклучени во анкетата: пописот и односите со Бугарија. Резултатите покажа дека мнозинство од граѓаните не веруваат (60,8%) дека пописот на населението ќе се спроведе со соодветен квалитет. Побројни меѓу нив се етничките Македонци (69,5%). За половина од граѓаните, односите со Бугарија се развиваат во негативен правец (53,6%). Разлики во ставовите има на основа на етничката припадност и кај симпатизерите на политичките партии. 

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Доверба во Владата и локални избори