Граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите луѓе - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите луѓе PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 26 shkurt 2025 14:41

МЦМС го спроведе редовното истражување на општата доверба и довербата во институциите. Резултатите покажуваат дека довербата во луѓето останува поделена, односно нешто над половината од граѓаните (52,6%) изјавиле дека имаат целосна или делумна доверба во луѓето. Најголема сигурност граѓаните чувствуваат во својот најблизок круг, па околу 2/3 рекле дека имаат доверба во соседите, додека довербата во колегите (52,8%) и сонародниците (52,2%) е мнозинска но, значително пониска. Најголема претпазливост испитаниците изразуваат кон непознатите, при што 84,1% изјавиле дека имаат целосна или делумна недоверба.

magazin 1080 x 720 px 1920 x 1080 px

Меѓучовечката доверба е на ниско ниво, при што 84,9% од граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите, а само 14,3% веруваат дека на повеќето луѓе може да им се верува. Овој висок степен на претпазливост се потврдува и кај одговорите на прашањето: „Дали сметате дека луѓето воопшто би ве искористиле или ќе се обидат да бидат чесни кон вас?“ Вкупно 76,0% од испитаниците сметаат дека луѓето би се обиделе да ги искористат. Од нив, најголем дел (21,5%) силно веруваат во тоа, позиционирајќи се на најниската точка од скалата.

Нема раст на довербата кај ниту еден од општествените сектори споредено со резултатите од анкетата направена во 2021 година. Банките и финансиските институции (59,2%) и понатаму уживаат највисоко ниво на доверба. На исто ниво како во 2021 година е довербата во медиумите (55,5%), деловниот (51,2%) и граѓанскиот сектор (49,6%). Најголем е падот на довербата во јавниот сектор (од 46,8% на 27,1%), потоа следуваат политичките партии (од 36,2% на 27,6%) и меѓународната заедница (од 46,2% на 39,5%). Во споредба со 2021 година, најголем пад на довербата е забележан кај етничките Албанци, особено во јавниот сектор и политичките партии. Кај етничките Македонци, најзначителен пад има во јавниот сектор.

Проверката на довербата во различните професии покажа дека граѓаните најмногу им веруваат на наставниците и професорите, со целосна или делумна доверба од 72,0%, а веднаш по нив се свештениците и верските лица (70,8%) и лекарите (65,9%). Од друга страна, судиите (18,4%) и цариниците (22,9%) се професиите во кои граѓаните имаат најмалку доверба, додека деловните, бизнис-консултантите (44,9%), полицијата (44,0%) и државните службеници (36,5%) се рангираат нешто подобро, но сепак остануваат во рамките на малцинството.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Анкетата е направена во периодот од 20 април до 25 мај 2024 година. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите луѓе