Започна спроведувањето на „Акции во заедницата“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна спроведувањето на „Акции во заедницата“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 13 tetor 2015 16:26

Од 1 септември 2015 година до 31 март 2016 година МЦМС, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Велика Британија, ќе го спроведува проектот „Акции во заедницата“. Проектот ќе се спроведува во Североисточниот регион, а ќе бидат опфатени три помали заедници. Буџетот на проектот е 100.000 фунти.

Акции во заедницата имаат за цел да ги развијат капацитетите на граѓаните за учество во носењето одлуки на локално ниво и да ги развијат капацитетите на локалната администрација за децентрализација и демократизација во решавањето на заедничките потреби и проблеми  во партнерство со граѓаните и другите локални чинители. 

Преку групни дискусии во заедниците граѓаните ќе разговараат за проблемите и ќе  формулираат решенија. Во врска со решенијата ќе се формулираат проекти со чие спроведување ќе се постигнат социјални и економски ефекти во тие заедници. 

Првите контакти во општините Куманово и Липково веќе се направени. На претставниците на општинската администрација им беа објаснети целите на проектот, методологијата и пристапот. Двете општини искажаа задоволство од вклученоста во проектот и подготвеност максималнон да придонесат за постигнување на целите.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Започна спроведувањето на „Акции во заедницата“