Вечер: Завршија "Страниците за меѓусебно разбирање" - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Завршија "Страниците за меѓусебно разбирање" PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 27 maj 2005 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Здружението на новинарите на Македонија вчера ги презентираа резултатите од програмата "Страници за меѓусебно разбирање" и ја промовираа стотата страница "Меѓутоа" со која завршува двегодишниот проект.

utrinski-foto-press

Целта на програмата беше да се подобри информираноста на јавноста за меѓуетничките односи во Македонија и да се влијае врз медиумите за објективно и сестрано известување за меѓуетничките односи. Програмата "Страници за меѓусебно разбирање" ја спроведуваше МЦМС во партнерство со ЗНМ и во соработка со "Вечер", "Дневник", "Утрински весник", "Факти" и "Лоби". Страницата "Меѓутоа" почна да излегува во април 2003 година, секој четврток во петте весници и содржеше веќе објавени текстови кои ги третираа меѓуетничките односи во Македонија. -Уредувачкиот одбор селектираше околу 460 текстови кои беа објавени во "Меѓутоа" и повеќе од 500 изјави или противставени ставови. Селекцијата е направена од повеќе од 5.800 текстови за меѓуетничките односи објавени во петте весници, рече Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС на вчерашната конференција за печат. Тој додаде дека проектот влијаел и врз читателите за што сведочат спроведените анкети. "Кај 29 отсто од читателите на страницата има макар и мала промена на перцепцијата за настаните. Бројот на оние што ја забележале и што ја читаат 'Меѓутоа' се зголемуваше од 17 отсто во првата до 40 проценти во последната анкета", рече Клековски. Резултатите на проектот ги презентираше д-р Живко Андревски кој направи одделна анализа и ги претстави генералните заклучоци за прилозите на сите пет весници. (Е.С.)

Извор: Вечер (27.мај.2005)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Вечер: Завршија "Страниците за меѓусебно разбирање"