Утрински весник: Граѓаните најмногу веруваат во црквата, а најмалку во судството |
![]() |
![]() |
![]() |
E premte, 12 tetor 2007 01:00 | |||
Граѓаните не им веруваат многу на институциите. Впечатлива е поголемата доверба на микроплан и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Најголема е довербата во семејството, образовните институции и црквите, а најмалку во судството, синдикатите и во партиите. Надвор од државните институции граѓаните најмногу можат да се потпрат на медиумите, а најскептични за кажување на вистината според анкетираните се политичките партии. Ова е генералниот заклучок што може да се извлече од најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка направено во текот на јули кога биле анкетирани 1.601 граѓанин.
![]() Најголем пораст на довербата во споредба со лани бележи Владата која сега има 44,6 отсто доверба, односно за 18 проценти повеќе. Во неа подеднакво веруваат и Македонците и Албанците. Според резултатите од истражувањето, иако Владата има зголемена доверба, сепак се наоѓа во втората половина на листата на доверба во државниот сектор. Пред неа се образовните институции и локалната самоуправа. Послаба доверба граѓаните имаат во претседателот, парламентот и судството. Подеднаква доверба во Владата имаат и Македонците и Албанците. „Истиот тренд може да се забележи и кога станува збор за довербата во полицијата, поточно еднаква е довербата на Македонците и Албанците во полицијата, нешто што не било случај претходно“, вели Александар Кржаловски, координатор во МЦМС. Од граѓанскиот сектор, покрај црквата која ужива константна доверба, сите други невладини организации бележат пад на довербата. За граѓаните тие се средство преку кое вешти поединци доаѓаат до пари, влијание и моќ, или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации. На оваа листа најлошо котираат синдикатите со само 17,9 отсто доверба и стопанските комори во кои веруваат само 24,3 отсто од прашаните граѓани. „За граѓаните невладините организации служат како параван и многу повеќе се злоупотребуваат од политичките партии отколку што водат сметка за интересите на граѓаните“, оценуваат во МЦМС. Во однос на етничката припадност на анкетираните, единствено е поделено мислењето за меѓународните организации, Албанците повеќе им веруваат на странците отколку на Македонците.
|