Утрински весник: Жестока осуда на заканите на ДПА кон Руси од НВО - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Жестока осуда на заканите на ДПА кон Руси од НВО PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 17 maj 2007 01:00

Група невладини организации од земјава и Хелсиншкиот комитет жестоко ги осудија нападите на Демократската партија на Албанците врз новинарот и публицист Исо Руси, кои беа објавени на Интернет-страницата на владејачката партија.

c6728067163912428521e6593222c9bb

Невладините „Инфоцентар“, „Младинска алијанса“ - Тетово, МЦМС, детската амбасада „Меѓаши“, „Полио плус“, Форум ЦРСД, Фондацијата Институт отворено општество и „Месечина“ од Гостивар со соопштение му изразија солидарност и целосна поддршка на Исо Руси во неговото право на слобода на изразување. „Говорот на омразата во Македонија не започнува сега, но претставува кулминација на ксенофобијата и омразата кон неедномисленици и кон секој што не е со ’чиста крв‘. Изјавата на ДПА е загрозување на слободата на изразувањето со директна закана за животот и безбедноста. Тежината на изјавата е поголема, бидејќи ДПА е парламентарна партија, учествува во Владата на Република Македонија и има пристап до државната моќ.

Бидејќи ДПА учествува во Владата, извршната власт, и директно и индиректно, е повикана да реагира. Затоа, од ДПА бараме да го демонстрира својот демократски капацитет, да се огради и да се извини за изјавата. А од Владата на Република Македонија бараме да го осуди загрозувањето на слободата на изразувањето и да преземе мерки за заштита на безбедноста и животот на новинарот и граѓанинот Исо Руси“, се наведува во реакцијата на невладините организации.

Во Владата ни вчера „немаа коментар“ за изјавите на ДПА ниту, пак, за повиците на невладиниот сектор да се огради од ваквите ставови. Без коментар и понатаму се и во ДПА.

Загриженост за нападите врз Руси изрази и Хелсиншкиот комитет поради, како што се вели „експлицитната манифестација на фашизоидни ставови, како и примена на радикален говор на омразата во соопштението на Службата за информирање на ДПА“. „Ова соопштение отворено застапува фашизоидни ставови, оспорувајќи го правото на лицата од мешани етнички бракови на национален идентитет. Нарекувајќи ги овие лица биолошки хибриди или копилиња, владејачката ДПА експлицитно се легитимира како политички субјект кој промовира национална исклучивост и дискриминација, со што сериозно ги загрозува универзалните загарантирани права на граѓаните на Македонија од мешани етнички бракови. Хелсиншкиот комитет, исто така, ја осудува радикалната употреба на говорот на омразата манифестиран во споменатото соопштение на владејачката ДПА, со што директно и брутално ја загрозува слободата на изразувањето. Загрижен за ваквите појави во општеството од страна на една партија што учествува во владината коалиција и претендира да биде релевантен субјект на политичката сцена, Хелсиншкиот комитет ги повикува демократската јавност и Владата најостро да им се спротивстават на ваквите ставови кои директно и брутално ги загрозуваат уставно загарантираните права и слободи, како и демократската и мултиетничката легитимација на Македонија“, велат од Хелсиншки.

Повод за нападите врз Руси беше неговата колумна објавена во дневниот весник „Коха“, во која новинарот анализира зошто ДПА се противи на либерализацијата на Законот за верски заедници. Во реакцијата на ДПА ставовите на Руси беа оценети како „гнасотии“, а тој беше нарекуван „копиле“, „хибрид“, „производ на УДБ-а“ и слично. И во текот на вчерашниот ден, реакцијата на прес-службата на ДПА се' уште можеше да се прочита на Интернет-страницата на оваа партија. (Б.Г.)
Извор: Утрински весник (17.мај.2007)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утрински весник: Жестока осуда на заканите на ДПА кон Руси од НВО