E mërkurë, 30 janar 2008 01:00 |
Мнозинството граѓани (52,9 отсто) сметаат дека државата е најодговорна за решавањето на општествените потреби. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 39,3 отсто од 26,4 отсто во претходната година. Постои висока согласност (92,1 отсто) дека новиот развој, вработувањето и оспособувањето на граѓаните се решение за проблемите, се вели во најновиот извештај што вчера го промовираше Македонскиот центар за меѓународна соработка, како резултат на истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“ кое се спроведува по вторпат.
|
E premte, 23 nëntor 2007 01:00 |
Вчера во Велес беше отворена црковно-народна кујна. Со донација на Епархијата повардарска, МЦМС и Општината Велес, дневен топол оброк ќе добиваат од 150 до 180 сиромашни граѓани.
|
E shtunë, 17 nëntor 2007 01:00 |
Под мотото „Различни а еднакви“ вчера беше отворен шестиот НВО-саем, на кој учествуваат околу 130 невладини организации и здруженија на граѓани. Темата на овој саем е „Еднакви можности за сите“, чија цел е да се информира јавноста со активностите на граѓанскиот сектор, да се зголеми соработката меѓу НВО-секторот и да се поттикнува дијалог.
|