Дневник: Граѓаните најмногу веруваат во семејството, најмалку во партии - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дневник: Граѓаните најмногу веруваат во семејството, најмалку во партии PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 12 tetor 2007 01:00

Граѓаните во Македонија најмногу му веруваат на семејството, а најмалку на политичките партии, покажало истражувањето спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС предупредува дека е загрижувачки што во земјава е релативно ниска општата доверба - 57,3 проценти и довербата во институциите, која изнесува 43,1 проценти.

Притоа, медиумите бележат мал пад на довербата, од 56,7 проценти на 52,6, граѓанскиот сектор бележи пад од три проценти, а довербата кон државата е зголемена од 29, 2 проценти на 38,6. Сепак, граѓаните најмалку им веруваат на политичките партии, односно само 23 отсто, покажало истражувањето Мнозинството граѓани веруваат дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации, покажаа резултатите од истражувањето „Довербата во граѓанското општество“, кое се спроведува втор пат годинава.

- Анкетирањето беше извршено во јули на репрезентативен примерок од 1.601 испитаник, за да се испита довербата на граѓаните кон граѓанскиот сектор. За граѓаните, граѓанските организации се злоупотребувани од политичките партии или зад нив се кријат политички партии. Но, тие во малку случаи може да го илустрираат тоа со пример - рече на презентацијата одржана во средата Александар Кржаловски, координатор на меѓународни програми во МЦМС. Фондацијата „Институт отворено општество“, Сојузот на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и МОСТ се некои од организациите за кои граѓаните сметаат дека имаат политичко влијание.Истражувањето покажало дека граѓаните не им веруваат и на судиите - 74,6 проценти, како и на цариниците - 81,9 проценти. Голема недоверба има и во синдикатите и стопанските комори, а црквите и верските заедници имаат стабилен процент на доверба - 65, 6. Довербата во Владата на Република Македонија во однос на лани е зголемена од 26,6 на 44,6 проценти.

 

Извор: Дневник (12.Октомври.2007)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Дневник: Граѓаните најмногу веруваат во семејството, најмалку во партии