Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 08 tetor 2026 13:36

Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

840133774 17959130763235552 502814887244435070 n

Неговата основната цел е преку неколкумесечен консултативен процес и темелни истражувања да се формулираат заеднички, засновани на докази препораки за политики, кои потоа директно им се презентираат на шефовите на владите на претстојниот Самит на лидерите на Берлинскиот процес во Подгорица.  Настанот, кој го организираше Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан во партнерство со Владата на Косово и во соработка со Владата на Црна Гора.

На Форумот активно учествуваше и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, заедно со претставници на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), давајќи директен придонес во креирањето на стратешките насоки за економска интеграција, демократизација и зајакнување на цивилниот простор во регионот.

840205863 17959130712235552 2465005800489024622 n

Клучна порака на Форумот беше дека граѓанските организации не се само набљудувачи, туку суштински ко-креатори на реформските процеси и европската иднина на регионот. Преку структурирани работни групи за граѓански простор и демократија, конкурентност, дигитална трансформација, безбедност, зелена транзиција и проширување, учесниците го истакнаа значењето на граѓанското учество во обликувањето на политиките што директно го засегаат секојдневниот живот на граѓаните. Беше нагласено дека застапувањето на граѓанскиот сектор обезбедува транспарентност, социјална кохезија и демократски легитимитет на процесите на интеграција, и спречува реформите да останат само формални административни штиклирања.

Меѓу највпечатливите обраќања на форумот беше она на поранешниот премиер на Италија, Енрико Лета, автор на извештајот за иднината на Единствениот пазар на ЕУ, кој посочи дека неговото воведување кон крајот на 80тите години е еден од најголемите успеси на ЕУ, но дека некомплетирањето и фрагментираноста на тој пазар се главна причина за нејзиниот релативен економски пад. Ова го илустрираше со податокот дека ЕУ учествува со 17% во глобалниот БДП наспроти 25% на САД, а во пазарната капитализација зафаќа само 11% во споредба со американските 60%. Лета ги посочи и секојдневните пречки со кои се соочуваат граѓаните како што е неможноста да се користат мобилните апликации за плаќање паркинг од една земја (Франција) во друга (Италија). Тој ги презентираше 42 мерки од својот извештај за зајакнување на европската конкурентност, потсетувајќи на пораката од Жак Делор дека пазарот не може да функционира без социјална кохезија, и поентираше дека во процесот на проширувањето „заедно на сите ќе ни биде подобро“, притоа потсетувајќи дека и воведувањето на еврото некогаш се соочувало со жестоки отпори од оние кои тоа го гледале како губење на националниот идентитет.

HT2T9WoW0AAVELB

Со ова активно учество, МЦМС уште еднаш ја потврди својата посветеност за застапување на националните и регионалните приоритети, обезбедувајќи гласот на македонските граѓански организации да биде директно застапен во обликувањето на идните европски политики за регионот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес