E shtunë, 17 nëntor 2007 01:00 |
На Скопскиот саем вчера беше отворен и шестиот по ред саем на невладини организации.
Под мотото Различни, а еднакви" 130 НВО од целата држава ја информираа јавноста за своите активности на вчера отворениот саем на невладини организации, кој има за цел зголемена соработка меѓу НВО и поттикнување на дијалогот меѓу актерите во општеството.
|
|
E premte, 12 tetor 2007 01:00 |
Граѓаните во Македонија најмногу му веруваат на семејството, а најмалку на политичките партии, покажало истражувањето спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС предупредува дека е загрижувачки што во земјава е релативно ниска општата доверба - 57,3 проценти и довербата во институциите, која изнесува 43,1 проценти.
|
E premte, 12 tetor 2007 01:00 |
Граѓаните не им веруваат многу на институциите. Впечатлива е поголемата доверба на микроплан и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Најголема е довербата во семејството, образовните институции и црквите, а најмалку во судството, синдикатите и во партиите. Надвор од државните институции граѓаните најмногу можат да се потпрат на медиумите, а најскептични за кажување на вистината според анкетираните се политичките партии. Ова е генералниот заклучок што може да се извлече од најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка направено во текот на јули кога биле анкетирани 1.601 граѓанин.
|
E premte, 12 tetor 2007 01:00 |
Зголемен е и процентот на нетолерантност кон странците кој изнесува 67, 2 отсто Граѓаните во своја близина не сакаат наркомани, пијаници и педери, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |