Вечер: МЦМС бара од владата да разговара за проблемите на учесниците во конфликтот од 2001 |
E premte, 13 korrik 2007 01:00 | |||
Оваа невладина организација го согледала проблемот навреме, па во 2005 и 2006 година спровела програма "Ресоцијализација на поранешните борци", во која биле вклучени и здружението на бранители на Македонија и здружението на ветерани на ОНА. Владата да продолжи да разговара за проблемите на поранешните борци на ОНА, оти тие претставуваат потенцијална опасност за нови тензии во Македонија, повика вчера Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Оваа невладина организација, го согледала проблемот навреме, па во 2005 и 2006 година спровела програма "Ресоцијализација на поранешните борци", во која биле вклучени и здружението на бранители на Македонија и на здружението на ветерани на ОНА. Раководителот на проектот, Александар Кржаловски, немаше одговор зошто баш сега го изнесуваат овој проект, кој завршил уште во декември лани и зошто во него се изедначува статусот на припадниците на ОНА со тие на МВР и АРМ. - Владата треба да разговара за ресоцијализација на борците на ОНА, бидејќи кај оваа структура уште од конфликтот во 2001 година тлее незадовоство. Ние не се амбициравме да го дефинираме статусот на припадниците на ОНА, туку само ја прифативме меѓунардоната терминологија "поранешни борци", па затоа проектот е насловен така - рече Кржаковски. Со проектот биле опфатени над 500 "поранешни борци од двете страни". Дел од нив посетувале курсеви по англиски јазик, дел курсеви за компјутери, а во најкорисната активност, како што ја оценија, обука на работно место, биле опфатени 138 лица, од кои над 40 продолжиле со работа и по завршувањето на програмата. На вчерашната презентацијата на овие успеси не присуствуваа претставници на инволвираните здруженија, од непознати причини за МЦМС. Па, така, на новинарите им беа поделени напишани изјави од еден поранешен припадник на ОНА, извесен Абдурахман Рамани, и од претседателот на здружението на бранителите, Ацо Стојановски, во кои тие го искажуваат своето задоволство од резултатите на програмата. (Г.М.) Извор: Вечер (13.јули.2007)
|