Дебата на претседателот со граѓанските организации за клучните општествени предизвици - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебата на претседателот со граѓанските организации за клучните општествени предизвици PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 17 tetor 2020 10:39

Цивика мобилитас на 16 октомври 2020 година го организираше Националниот форум „Соработката помеѓу Претседателот и граѓанските организации“ каде главен говорник беше Претседателот Стево Пендаровски.

TOM 5229 2

Националниот форум го отвори НЕ Сибил Сутер Техада, амбасадорката на Швајцарија која истакна дека со овој Форум, граѓанските организации разменуваат мислења и се стремат да ја подобрат соработката со властите. „Таквата соработка е корисна за двете страни и уште повеќе за граѓаните, значи, станува една од целите и приоритетите она оваа фаза на програмата“, рече амбасадорката Сутер.

Во своето воведно обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека еден од најголемите општествени предизвици е поларизацијата со која се соочуваме, односно неспособноста на општеството да ги надминува тие состојби. „За жал почесто се фокусираме на она што не раздвојува отколку на она што не спојува“, рече тој. Според него, неколку работи се клучни за деполаризацијата и тоа, владеењето на правото, политичката одговорност, департизацијата на општеството и инклузивноста. „Партиската книшка и етничката припадност треба да престанат да бидат критериум за напредување, а инклузивноста не може да ја темелиме на нетрпеливост“, истакна Пендаровски.

Претседателот се осврна и на младите луѓе напомнувајќи дека трите критериуми кои им се клучни се: вработувањето и платата, можноста за напредување и чувството за општествена цел и мисија. Според него, тажно е што кај нас младите се нарекуваат наша иднина, а не се вклучени во креирањето на политиките и носењето на одлуките.

TOM 5266 2

Претставниците на граѓанските организации дебатираа со Претседателот за корупцијата и поларизацијата, за евроинтеграциите, за прашањата на Ромите и лицата со хендикеп, правичната застапеност на жените, здравствената заштита, слободата на медиумите и справувањето со говорот на омраза и лажните вести, заштитата на животната средина, младите, руралниот и рамномерниот регионален развој.

„Сиот ум во државата треба да го собереме за да фатиме приклучок со земјите кои веќе преговараат“, рече Пендаровски и додаде дека граѓанскиот сектор, претходно, неоправдано бил третиран како непријател, како и медиумите. Тој потенцираше дека очекува поголема проактивност од страна на граѓанските организации, да не ја штедат сегашната власт и слободно да ги критикуваат.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дебата на претседателот со граѓанските организации за клучните општествени предизвици