МЦМС изготви свое мислење за предлог Законот за здруженија и фондации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС изготви свое мислење за предлог Законот за здруженија и фондации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 11 mars 2010 14:56

Законот за здруженија и фондации е еден од најважните закони за граѓанското општество во Македонија. Тој  е основниот закон што ја регулира работата на граѓанските организации.  МЦМС е посветен на подобрување на правната рамка за граѓанското општество од 1995 година и учествуваше во работната група на Министерството за правда која даде значаен придонес во подготовката на текстот на новиот закон.

Заради тоа, МЦМС пристапи кон подготовка на мислење за предлог-законот. Целта на мислењето е оценка на предлог-законот како и одредување на потребите за подобрување.

Предлогот за донесување на Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) со предлог-закон е во процедура во Собранието на Република Македонија. По Законот за здруженија на граѓани и фондации од 1998 година и измените во 2007 година, се пристапува кон донесување нов закон, поради опфатот на измените, вклучувајќи но не исклучиво и воведувањето на статус на организација од јавен интерес.

Мислењето за предлог-Законот за здруженија и фондации содржи воведни информации за слободата на здружување во Република Македонија и усогласеноста на предлог-законот со меѓународни конвенции и најдобри практики, како и општа оценка на предлог-законот, која е проследена со преглед на очекуваните подобрувања од предлог-законот. Последниот дел се однесува на потребните измени кои што е неопходно да бидат направени во овој предлог закон.

Мислењето содржи седум прилози што можете да ги видите на линковите подолу. Прилогот 3 е мислење на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), прилогот 4 содржи сумирани коментари и предлог амандмани од други граѓански  организации.

Мислењето е подготвено од Сашо Клековски и Емина Нурединоска од МЦМС и доставено до Министерството за правда, релевантните комисии во Собранието на РМ и граѓанските организации.

Други релевантни документи поврзани со предлог-Законот за здруженија и фондации:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС изготви свое мислење за предлог Законот за здруженија и фондации