Интерактивно запознавање во срцето на Скопје - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Интерактивно запознавање во срцето на Скопје PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 shtator 2019 14:48

Фестивалот на Цивика мобилитас под насловот „Ден на граѓанските организации“ се одржа на плоштадот Скендербег и во паркот Ибни Пајко на 14 септември 2019 година. 

den na gragjanskite organizacii 1

„Искрено се надевам дека денешниот настан ќе придонесе да се зајакнат врските и да се зголеми довербата на граѓаните кон граѓанските организации“, рече нејзината екселенција Сибил Сутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија во нејзиното поздравно обраќање на отворањето на настанот. Таа додаде и дека присуството на граѓаните „во толку голем број е јасен знак дека граѓаните се повеќе сфаќаат дека граѓанските организации се најдобриот начин да го направат нивниот глас посилен во постојаната борба за нивните права.“ Покрај амбасадорката Сутер Тејада, поздравни обраќања имаа и г-ѓа Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје, Захир Бектеши, претседател на Советот на општина Чаир и Климентина Илијевски, извршна директорка на Паблик. 

den na gragjanskite organizacii 3

Програмата ја сочинуваа повеќе од 80 паралелни настани како и настап на танцовото студио Ит д Бит (Eat the Beat), модна ревија на 15 ученици од Дебар кои носеа модели направени од рециклирани материјали (од Центарот за одржлив развој на заедницата) и Гоце САФ и Страјк (Goce SAF and Strajk).

Посетителите имаа можност да се информираат за граѓанските организации, нивните постигнувања како и за можностите да бидат вклучени во активностите. Програмата беше богата и разнолична.  

den na gragjanskite organizacii 4

Во Креативното катче, Коалицијата „СЕГА“ организираше работилница за изработка на обележувачи за книги од хартија, па младите си заминаа дома со обележувачи во различни форми како: змејови, птици, смајли и сл. „Креативна Македонија“ одржа работилница за квилинг каде учесниците учеа како да направат филигран од хартија, Исто така, „Артељ“ имаа работилница за изработка на понпони (топчиња од волница) за најмладите учесници и тие направија приврзоци за клучеви, украси за шноли и венчиња за коса, животни и се тоа од волница. „Народна техника“ им покажа на учесниците како да направат модели од хартија на автомобили, авиони, куќи и камиони. 

den na gragjanskite organizacii 6

И Едукативното катче имаше многу разновидна програма. „Биовита“ од Кавадарци ги научи учесниците за значењето на органското производство, како и за разликите помеѓу органското, домашното и ГМО производството. Работилницата беше одржана од страна на производители на органско грозје, производители на вино од органско грозје, пчелари итн. „Младите можат“ одржаа квиз со повеќе од 20 учесници кои одговараа на различни прашања на теми како географија, храна, спорт и филмови. Победниците беа наградени со книги. Исто така, „СКУП“ (SCOOP) ги прикажаа нивните истражувачки видео приказни како презентација на нивните постигнувања. 

den na gragjanskite organizacii 2

Во младинскиот дел, Гешталт центарот Младен Костиќ „Аспекти“ одржаа обука преку која ги учеа учесниците како да се прилагодат на промените во животот. Слично на тоа, „СОС Детското село“ имаше обука за тоа како да справат со загуба преку симболични игри со конци. „Мултикултура“ од Тетово одржа креативна работилница со квизот „Винго“ во кој, учесниците одговараа на прашања од граѓанското општество.  

Покрај ова, и граѓанските организации во паркот Ибни Пајко организираа голем број активности од квизови, работилници за одржување велосипеди, изработка на ракотворби, игри за млади планинари и извидници, изложба на маици, еколошки монопол, прва помош, садење дрвја, тестирање за ХИВ итн. 

den na gragjanskite organizacii 5

Повеќе од 1000 луѓе учествуваа на фестивалот. За дел од нив тоа беше уникатна шанса да комуницираат со граѓанските организации, да ги споделат своите мисли и идеи, па дури и да се приклучат на некои иницијативи. За оние од граѓанскиот сектор, ова беше добра шанса за вмрежување и пронаоѓање на потенцијални партнери. Организациите што учествуваа изразија задоволство бидејќи настанот им помогна да ја зголемат својата видливост, а некои дури и мобилизираа нови членови на самото место.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Интерактивно запознавање во срцето на Скопје