Заштита на животната средина, приоритет за жителите на Ресен - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заштита на животната средина, приоритет за жителите на Ресен PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 nëntor 2008 01:00

Жителите на општина Ресен, на првата форумска сесија, што во рамките на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 26 ноември оваа година, во хотелот “Китка“, од трите теми кои беа предложени од страна на општината – заштита на животната средина, туризам и култура, ја избраа темата животна средина.

zastita-na-zivotnata-sredina-prioritet-za-zitelite-na-resen

На оваа тема, на која гласаа поголемиот дел од присутните жители на форумот, во наредните неколку месеци граѓаните ќе имаат можност да дебатираат и преку отворени дискусии да ги најдат проблемите од областа на заштита на животната средина, за потоа да предложат и конкретни решенија и проекти кои ќе ги разработат во текот на форумските сесии.

На првата форумска сесија на која учествуваа околу 130 граѓани од Ресен и од околните села од општината, присуствуваа и градоначалникот на општина Ресен Димитар Бузлевски, Ибрахим Мехмети, претставник од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Димче Митрески, претставник од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како и претставници на советот на општината, на општинската администрација и други гости.

Според Мехмети, програмата “Форуми во заедницата“ ќе има големо значење за општина Ресен.

“Граѓаните ќе имаат можност директно да учествуваат во реализацијата на оваа програма бидејќи тие преку конкретни предлози и идеи имаат можност да се вклучат при решавањето на некои од проблемите во општината. Учеството на граѓаните е од исклучително значење во овој процес“, изјави Мехмети.

Тој додаде дека преку оваа програма се овозможува не само директно учество на граѓаните во решавање на проблемите, туку и локалните власти да се поблиску до граѓаните и нивните потреби со што се дава директна поддршка на процесот на децентрализација.

Димче Митрески, координатор на програмата од МЦМС, смета дека доколку интересот биде голем и на наредните форумски сесии, како на првата, тогаш и реализацијата на проектот ќе биде успешна.

“Преку програмата, на еден демократски и транспаренттен начин, им е дадена можноста граѓаните активно да се вклучат во решавање на проблемите и во реализацијата на проектите заедно со општинската администрација и институциите вклучени во програмата“, изјави Митревски.

Градоначалникот Димитар Бузлевски нагласи дека ефектот од оваа програма најмногу ќе влијае врз граѓаните бидејќи тие решаваат што може да се направи во општината со средствата што се предвидени со овој проект.

“Општина Ресен секогаш е отворена за соработка и во иднина очекуваме да се реализираат уште повеќе вакви проекти што се од директен интерес на граѓаните“, истакна Бузлевски.

Вкупниот буџет на оваа Програма изнесува осум милиони и 800 илјади денари, од кои шест милиони денари се донација од SDC, два милиони денари се донација на општина Ресен, додека 800 илјади денари се учество на носителите на програмата.

Инаку, главната цел на Програмата е да се поттикне партиципативното учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки и креирање политики на локално ниво, како и да се подобри капацитетот на локалната администрација во реализирање на проекти значајни за развој на локалната заедница.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Заштита на животната средина, приоритет за жителите на Ресен