Транспарентни и отчетни општини |
E premte, 28 nëntor 2008 01:00 | |||
МЦМС ги промовираше годишните извештаи и другите информативни материјали на општините Велес, Прилеп, Могила, Чашка, Старо Нагоричане, Конче и Теарце. „Транспарентноста и отчетноста на општините се едни од главните предуслови за воспоставување на демократските процеси во една заедница и нејзина одржливост“, рече на почетокот Миодраг Колиќ, соработни во Одделението за развој во МЦМС. Со оваа поддршка, МЦМС сака да го подобри транспарентното и одговорно работење на општините. „Поддршката од МЦМС ни помогна да ја пополниме празнината во нашата комуникација со граѓаните“, рече Бесим Имери, раководител за локален економски развој во општина Теарце, во својата презентација. „Направивме кратка брошура за нашите постигнувања во која на многу едноставен јазик ги информиравме граѓаните за тоа што сме направиле и кои се придобивките за нив“. Општините изразија благодарност кон МЦМС за поддршката за проектите за транспарентни општини. „Промоцијата е скапа, ама неопходна работа“, рече Јадранка Стефкова, советник за односи со јавноста во општина Велес. „Затоа, уште повеќе ни значи ваквата поддршка од МЦМС“. На присутните им се обрати и Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС. „Вистинските шампиони за спроведувањето на овој проект се градоначалниците и општинските администрации“, рече тој. „Извештаите покажуваат дека со минимум средства може многу да се направи, а тоа значи дека градоначалниците успеваат домаќински да ги водат општините и да направат максимум. Ова покажува“, смета Клековски, „дека децентрализацијата е добар процес“.
|