Иднината и предизвиците на институцијата Народен правобранител |
E enjte, 16 tetor 2008 01:00 | |||
На 15 октомври 2008 година, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема „Иднината и предизвиците на институцијата Народен правобранител“. На настанот учествуваа повеќе од 50 претставници од државните институции, од меѓународните институции во Македонија, од граѓанскиот сектор, експерти, и претставници од централната и локалната канцеларија на Институцијата Народен правобранител. Тркалезната маса започна со поздравни излагања од страна на: Народниот правобранител; Специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Скопје; Амбасадорот на Франција и Амбасадорот на Шведска. Воведната сесија се однесуваше на досегашните активности на институцијата Народен правобранител и неговата улога во заштитата на човековите права. Исто така, беа пренесени искуствата од Војводина и Полска и беше направена споредба во степенот на достигнување и организација на овие институции. На втората сесија беше отворено прашањето за потребата од проширување на надлежностите на институцијата Народен правобранител во согласност со предлог Законот за заштита од дискриминација и со барањата определени со ОПКАТ. Последната сесија се однесуваше на улогата на Народниот правобранител во заштитата на правата на маргинализираните групи, како: жени, деца, лица со хендикеп, Роми. Учесниците имаа можност низ отворена расправа да ги пренесат своите ставови, да постават прашања и да дадат свои предлози. На крајот на расправата беа формулирани заклучоци и препораки . Организатор на настанот беше Институцијата Народен правобранител, со поддршка на ОБСЕ, СИДА и МЦМС.
|