Започна осмиот „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)     - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна осмиот „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)     PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 qershor 2024 17:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на 28 јуни 2024 година го започнаа осмиот по ред „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia), овозможувајќи им на 4 студенти од Канада и Нов Зеланд незаборавен тринеделен студиски престој во Македонија.

rodum 1


Велика Мангос (Velica Mangos), Хенарата Кохере Пишиев (Henarata Kohere Pishief), Викторија Јосифова (Viktorija Josifova) и Андреј Петрушевски (Andrej Petrushevski) ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во: Адвокатскo друштво ДДК, Limitless Solutions, Ветеринарна болница Скопје и Центар за едукација и забава - CEDUZ.

Покрај редовната практична работа, за студентите секоја недела е предвидена „тематска среда“ каде ќе посетуваат културни институции, Собранието, и ќе одржат средби со бизнис и меѓународната заедница. За време на викендите студентите ќе го посетат Охрид и ќе присуствуваат на традиционалната Галичка свадба.

„Родум од Македонија“ започна во 2015 година и се организираше во континуитет до 2019 година. Проектот беше ставен во мирување две години заради пандемијата предизвикана од Ковид-19, а продолжи да се спроведува во 2022 година.Дел од учесниците од претходните години го нарекоа престојот во Македонија „неверојатно искуство“ што треба да го има секој млад човек со потекло од Македонија. Дел од нив беа трета генерација родена надвор од Македонија, а прва која се враќа во Македонија по иселувањето. 

Примарната цел на „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија. Покрај тоа, ваквите активности можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Започна осмиот „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)