Oдржана информативна сесија за малите грантови на СЕЛДИ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Oдржана информативна сесија за малите грантови на СЕЛДИ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 qershor 2024 13:13

На 28 јуни 2024 година, тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка во име на мрежата СЕЛДИ одржа информативна сесија за регионалниот Повик за предлог проекти за „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“.

На информативната сесија, која се одржа на платформата ЗУМ, учествуваа околу 70 претставници од граѓански организации од регионот, сите обединети од заедничката посветеност за борба против корупцијата и создавање позитивни промени во нивните заедници.

seldi 1

Јасмина Ристовска, од МЦМС на почетокот на информативната сесија рече дека Програмата за мали грантови на СЕЛДИ не е само можност за финансирање, туку е и катализатор за акција. Целта е да се поддржат граѓанските организации, вклучувајќи ги и грасрут и младинските организациите, да го засилат својот глас и да го зголемат своето влијание во борбата против корупцијата. Со грантовите ќе се обезбеди финансиска поддршка и интеграција на граѓанските организации во циклусот на застапување и влијание на СЕЛДИ, поттикнувајќи поинклузивен и ефективен пристап кон антикорупциските иницијативи.

За време на сесијата, беа споделени детални информации за процесот на аплицирање, критериумите за подобност за апликанти, проекти и активности, како и за фокусот на проекти кои треба да поттикнат иновативни предлози за што ќе имаат конкретно и долготрајно влијание во заедниците.

Учесниците имаа можност да поставуваат прашања, да се вклучат во дискусии и да се поврзат со своите колеги кои ја делат нивната посветеност во антикорупциските напори.

На сесијата исто така се потенцираше непроценливиот придонес на ГО на локално ниво и младинските организации во борбата против корупцијата. Нивните уникатни перспективи и искуства од теренот се клучни за создавање ефективни и одржливи антикорупциски стратегии. Погледнете го видеото од информативната сесија, и презентацијата за повикот.

Индикативниот износ наменет за програмата е 292.500 евра. Било кој грант побаран во рамки на овој повик за предлози мора да изнесува минимум 7.000 евра, а максимум 10.000 евра, додека минимален придонес од СЕЛДИ изнесува 70% а максималениот придонес 90% од вкупните оправдан трошоци на проектот. Разликата мора да биде финансирана од извори различни од општиот буџет на Европската Унија или Европскиот фонд за развој.

Повикот е наменет за граѓански организации основани и активни во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија).

Крајниот рок за поднесување на концепт ноти е 1 август 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ). Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“ (референтен бр. 10-46/1-2024) е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Oдржана информативна сесија за малите грантови на СЕЛДИ