Зошто да бидете семејство домаќин на студент од дијаспората? - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Зошто да бидете семејство домаќин на студент од дијаспората? PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 prill 2019 13:59

Да бидете семејство домаќин значи да го отворите вашиот дом за еден студент од македонската дијаспора кој ова лето ќе одвои три недели да се запознае со нашата култура и секојдневие. Но, најважно од сѐ, значи дека ќе стекнете доживотен пријател. 

 MG 7821

Програмата „Родум од Македонија“ по петти пат го отвори повикот со кој ги поврзува младите од дијаспората кои ќе извршуваат практична работа во Скопје, со семејствата кои се заинтересирани да им овозможат привремен престој, да им ги доближат нивните корени, културата и традицијата на Македонија. 

За Сања Соколовска, чие семејство беше домаќин во 2017 година, градењето пријателства е една од главните придобивки од оваа програма. Според неа, процесот започнува со внесувањето странец во вашиот дом со кого полека се зближувате, а завршува со прекрасно пријателство со личност која практично е дел од вашето семејство.

За да бидете успешен домаќин доволни ви се три карактеристики: ентузијазам за споделување искуства; спремност за пружање поддршка за време на престојот и флексибилност за новата семејна динамика.

Семејството на Никола Атанасов веќе четири години е домаќин во програмата. Тој вели дека секоја година одново е мотивиран да учествува поради можноста за стекнување нови пријателства кои го прават побогат човек. „Некој би помислил дека најтешкиот дел е живеењето со непозната личност и приспособувањето едни кон други. За мене секогаш најтежок е делот на разделба“, рече тој.

 MG 7777

Јоана Сибиноска, чие семејство беше домаќин во 2017 година, вели дека преку заедничкиот живот не учат само гостите, туку учат и домаќините; а токму тоа ја прави програмата неповторлива. „Никогаш нема да го заборавам ова неверојатно искуство и ги охрабрувам сите што можат- да го отворат својот дом за студенти од македонската дијаспора. Тоа навистина ќе го промени вашиот живот засекогаш!“- додаде таа.

Секоја студиска посета е различна и посебна на свој начин, така што никогаш не можете да предвидите што ќе донесе за вашето семејство. Една работа е сигурна: ќе ги збогати вашите хоризонти со прекрасни сеќавања и вистински пријателства. 

За повеќе информации и потребните услови погледнете го повикот. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 31 мај 2019 година

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Зошто да бидете семејство домаќин на студент од дијаспората?