Организациите дадоа препораки за новиот повик од Европската Унија од 3 милиони евра за борба против родово базираното насилство - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациите дадоа препораки за новиот повик од Европската Унија од 3 милиони евра за борба против родово базираното насилство PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 15 tetor 2026 14:46

На 8 октомври 2026 година, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија со поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар, организираше онлајн консултативна средба со граѓанските организации за претстојниот повик за финансиска поддршка за борба против родово базираното и семејното насилство. Повикот е финансиран од Националната програма ИПА 2024.

eu support for combating gender based and domestic violence phase 2 ipa iii annual action programme for north macedonia 2024 e1791884831508

Ирена Иванова, програмски менаџер во Делегацијата на Европската Унија, ги претстави главните планирани параментри на повикот со вкупен буџет од 3 милиони евра. Повикот се надоврзува на поддршката од ИПА 2022. Целта е да се обезбедат најмалку три целосно функционални шелтер центри за жртви на семејно насилство и трговија со луѓе. Центрите треба да нудат сместување 24/7, психосоцијална, правна и медицинска помош, како и поддршка за реинтеграција и вработување. Предвидени се и активности за подигање на свеста кај заедниците, институциите, здравствените и образовните установи и медиумите.

Во дискусијата учествуваа околу 30 претставници на граѓански организации што работат со жртви на насилство, други заинтересирани организации како и меѓународни организации. Најсилната порака беше дека поддршката за жртвите не смее да заврши кога ќе го напуштат шелтер центарот. Без решение за домувањето, економско зајакнување и вработување, многу жени се принудени да се вратат кај насилникот.

Организациите ги изнесоа и следниве препораки:

  • повикот да биде достапен за искусни организации, иако не се лиценцирани даватели на социјални услуги;
  • поголема покриеност на руралните средини и подрачјата надвор од Скопје;
  • квалитативни индикатори што го мерат вистинскиот ефект врз животот на жртвите;
  • интерсекциски пристап и поддршка за ЛГБТИ лицата, за кои во државата моментално нема шелтер центар;
  • флексибилни форми на кризно сместување;
  • вклучување на дигиталното и технолошки олеснетото родово базирано насилство.

Од Делегацијата на ЕУ потврдија дека реинтеграцијата е многу важен елемент и дека предлозите ќе бидат разгледани при финализирање на повикот. Покрај оваа онлајн консултативна средба, организациите можат да достават писмени предлози најдоцна до 15 октомври 2026.

Консултативната средба е организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар - втора фаза“, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи АДИ и Медија плус, Штип.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Организациите дадоа препораки за новиот повик од Европската Унија од 3 милиони евра за борба против родово базираното насилство