Македонија се соочува со галопирачка миграција - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија се соочува со галопирачка миграција PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 06 korrik 2017 12:17

Креирање регионални миграциски профили, засилен мониторинг на институциите од што краен производ ќе бидат извештаи и препораки кои ќе влијаат на моменталната состојба, „лобирање“ за промени во образовниот систем со акцент на дисперзираните студии, поттикнување на младинската работа и неформалното образование, сегментирана дебата што ќе ги опфати и адресира сите недостатоци – ова беа некои од предлозите кои произлегоа од дискусијата во работилницата под наслов „Заедно за акција: Потенцијалите од миграцијата за Македонија“ која беше дел од тематскиот форум на Цивика мобилитасПредизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“. 

Makedonija se soochuva so galopirachka migracija

Работилницата имаше за цел да ги сумира заклучоците од панелот на тематскиот форум и да даде препораки на кој начин граѓанскиот сектор би можел да влијае во оваа област. Учесниците беа согласни дека Македонија се соочува со галопирачка миграција како резултат на нефункционалноста на системот. Работилницата и форумот се одржаа на 5 јули 2017 година во Чифте Амам во Скопје.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Македонија се соочува со галопирачка миграција