Споредбена студија за овозможувачката околина за граѓански организации и бизниси за 34 држави |
![]() |
![]() |
![]() |
E mërkurë, 25 maj 2016 00:00 | |||
Специјалниот известувач констатира и дека економските и комерцијалните интереси се вреднуваат повеќе од она што се гледа како некомерцијална активност. Последователно, влијанието и мислењата на индустријата имаат предност во државните политики пред социјалната правда и фундаменталните права. Овој пристап го игнорира фактот дека живото граѓанско општество е суштинско за одржлив економски развој и дека бизнисите имаат придобивки од моќен граѓански сектор. Во студијата се прави преглед на правната околина за бизнисите како и за граѓанските организации во 34 држави, со фокус на: процедурите за регистрација; даночните закони; финансиските закони; барањата за ревизија и извештаи и санкциите и за непочитување на законските одредби. Поради ограниченото време и ресурси овој извештај не беше спроведен во сите 193 земји членки на ОН. Овие 34 држави беа избрани врз основа на нивната географска положба, правниот систем, претходни извештаи за овозможувачка околина како и достапноста на истражувачи и експерти за темата. Македонија е една од земјите која учествуваше во истражувањето преку МЦМС. Специјалниот известувач ги повикува и бизнисите и граѓанското општество да го препознаат широкото заедничко поле на нивните интереси во областа на транспарентноста на власта и владеењето на правото и во други области, како и да ги зголемат партнерствата за двата сектора да можат заедно да работат за овие заеднички цели. Споредбената студија е преведена во рамките на проектот „Аквис (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).
|