БЦСДН го објави Извештајот за овозможувачката околина на граѓанското општество 2024 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

БЦСДН го објави Извештајот за овозможувачката околина на граѓанското општество 2024 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 29 korrik 2025 13:14

Аларм за стеснување на граѓанскиот простор во Западен Балкан и Турција во услови на ескалирачки закани

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) го објави единаесетиот по ред, регионален годишен извештај за следење на овозможувачката околина за граѓанското општество. Извештајот ги опфаќа состојбите во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и Турција во 2024, и укажува на сериозни нарушувања на граѓанските слободи и демократските вредности.

Sales Report Presentation 6 1024x576

Извештајот се темели на над 100 национални индикатори, теренски истражувања, документирани инциденти и консултации со граѓанското општество. Целта е да се понудат практични насоки за носителите на одлуки, донаторите и граѓанските актери, со цел да се спречи понатамошното намалување на граѓанскиот простор и да се заштитат основните демократски принципи.

Screenshot 2025 07 17 at 11.01.32 AM 450x638Клучни наоди од Извештајот за 2024 се:

  • Слабеење на основните слободи во пракса: Иако законите генерално ги гарантираат слободите на здружување, мирно собирање и изразување, нивната примена сè почесто е ограничена. Граѓанските организации се соочуваат со административни пречки, политички напади и обвинувања за „странски агенти“, особено во Србија, Босна и Херцеговина и Турција. Кривичното дело за клевета и натаму се користи како средство за замолчување на критичките гласови во повеќе земји.
  • Недоволна финансиска одржливост: Организациите се соочуваат со финансиски предизвици поради недоволно развиени и фрагментирани даночни рамки, ограничен пристап до разновидни извори на финансирање и политизирана државна поддршка. Во Косово е забележана нетранспарентна распределба на околу 5 милиони евра јавни средства за ГО.Недоследна соработка помеѓу Владите и граѓанските организации: И покрај постоењето на формални стратегии за развој на граѓанското општество, учеството на граѓанските организации во процесите на креирање политики е често формално и нетранспарентно. Консултациите се одвиваат пребрзо и со фаворизирање на субјекти блиски до властите.

Клучни случувања во 2024 година

Позитивни примери:

  • Во Албанија, Агенцијата за финансиско разузнавање соработуваше со граѓанските организации во креирање насоки за спречување финансирање тероризам.
  • Под силен притисок, Република Српска (БиХ) привремено го повлече нацрт-законот за „странски агенти“.
  • Косово ги исклучи граѓанските организации од субјекти задолжени за известување за Законите за спречување на перење пари и борба против финансирање на тероризам.
  • Црна Гора воспостави свој прв државно финансиран ресурсен центар за развој на граѓанскиот сектор.
  • Во Србија, граѓаните масовно се мобилизираа против демократското уназадување.
  • Граѓанските организации во Турција имаа активно учествуваа во креирањето политики за волонтеризам.

Загрижувачки појави:

  • Ослабување на платформата за следење јавни фондови во Косово.
  • Турција предложи нов закон за „агенти на влијание“, зголемувајќи го притисокот врз граѓанските организации.
  • Албанија се соочува со пречки во ослободувањето на странски донации од ДДВ.
  • Во Северна Македонија, расте бројот на закони донесени без јавна дебата и без објави на ЕНЕР.
  • Црна Гора ја зголеми контролата врз граѓанските организации финансирани од странски организации.
  • Во РС (БиХ), властите ги етикетираа надзорните организации како „непријатели на државата“.
  • Во Србија се интензивираат вознемирувањата на граѓанските организации, активисти и новинари.

„Наодите од Извештајот укажуваат на клучен момент за демократијата во Западен Балкан и Турција“, изјави Ања Босилкова-Антовска, коавторка на извештајот. Според неа, кога демонстранти се претепуваат, новинари се тужат до молк, а активисти се следат, просторот за демократска дебата исчезнува.

БЦСДН ги повикува националните влади, Европската Унија и меѓународните донатори да:

  • Гарантираат правна сигурност: Да обезбедат усогласување на законските рамки со меѓународните стандарди и нивна доследна и праведна примена, со цел заштита на основните слободи на сите граѓански актери.
  • Промовираат одржливо финансирање: Да развијат сеопфатни стратегии за финансиска одржливост на граѓанските организации, вклучително и фер даночни поволности, предвидливо јавно финансирање и олеснет пристап до банкарски услуги.
  • Да зајакне суштинската соработка: Да се воспостават транспарентни и инклузивни механизми за учество на граѓанското општество во креирањето на политики, со реално вклучување на нивниот придонес во јавните одлуки.
  • Проактивно да се заштитат граѓанските актери: Да се имплементираат цврсти мерки за заштита на активистите, новинарите и граѓанските организации од вознемирување, надзор и кампањи на оцрнување, и да создадат средина во која несогласувањето не се криминализира, туку се препознава како суштински елемент на здрава демократија.

„Отпорноста на граѓанското општество во услови на зголемен притисок сведочи за нивната силна посветеност на демократските вредности,“ додаде Симона Младеновска, коавторка.

Регионалниот извештај за овозможувачката околина на граѓанското општество за 2024 година е достапен на веб-страницата на БЦСДН и на платформата на Матрицата за следење.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme БЦСДН го објави Извештајот за овозможувачката околина на граѓанското општество 2024