Дебата: Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебата: Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 02 dhjetor 2013 15:52

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)  со задоволство Ве поканува да учествувате на дебатата „Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност“ која ќе се одржи на 5 декември 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во Холидеј Ин во Скопје.

Bilbord-progres-pecat

Вашето присуство ќе го збогати настанот и ќе придонесе кон подигање на јавната свест и свеста на носителите на одлуки кон почитувањето на еднаквоста и борбата против дискриминацијата, особено дискриминацијата на етничка основа.

На дебатата ќе се дискутира за актуелните состојби во Македонија како и европските искуства и практики во справувањето на дискриминација на етничка основа. Воведни излагања ќе имаат Агим Нухиу, универзитетски професор и член на КЗД и Љуљзим Хазири, програмски директор на АДИ. Настанот ќе го фасилитира Илина Мангова, ИДСЦС.

Присутните ќе можат активно да се вклучат во дискусија, изнесувајќи ги своите идеи и коментари кои ќе бидат соодветно проследени и кон кои ќе се насочат решенијата во иднина.

Дебатата е дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.

За потврда на вашето присуство и за дополнителни информации контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë   или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994.

Преземи дневен ред за настанот.
Shkarko Rendin ditor per eventin.
Download agenda for the event.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дебата: Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност