Регионална работилница за финансиска подршка од државата за граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионална работилница за финансиска подршка од државата за граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 28 nëntor 2013 12:21

На 13 и 14 ноември 2013 година во Нови Сад, Србија се одржа регионална работилница на тема „Финансиска поддршка на државата за граѓанските организации“ што ја организираше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и со организацијата ЕХО - членка на мрежата БЦСДН. На работилницата учествуваа 38 претставници од граѓански организации и органи на државна управа од регионот на Западен Балкан и Турција и од државите членки на ЕУ. МЦМС како членка на БЦСДН ја претставуваше Симона Огненовска.

IMG 4141

Организациите кои спроведуваат активности за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во рамки на проектот „Acquis на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ ги споделија прелиминарните резултати кои се однесуваат на втората област - Рамка за финансиска оддржливост на граѓанските организации.

На работилницата беа мапирани постоечките рамки за финансиска поддршка од страна на државата во балканските земји и беа споделени европските добри практики и тенденции. Започна и подготовката на плановите за застапување во насока на зголемување на поддршката од државата и подобрување на легислативата во земјите.

МЦМС учествува во спроведувањето на проектот. Симона Огненовска зборуваше за постоечкиот систем на финансирање на граѓанските организации од страна на државата, претставувајќи ги добрите практики, како и областите кои треба да се подобрат во следниот период.

macedonia-state-support

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Регионална работилница за финансиска подршка од државата за граѓанските организации