„Многу е важно да се одржуваат врските со дијаспората“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Многу е важно да се одржуваат врските со дијаспората“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 24 korrik 2019 08:22

Никол, Ерин, Кејли, Еван, Марија, Стефани, Анастасија, Дона и Лука го завршија тринеделниот престој во татковината на нивните предци. На 18 јули 2019 година, на завршниот настан, тие раскажаа за дел од нивните впечатоци и доживувања.

Mnogu e vazhno da se odrzhuvaat vrskite so dijasporata 1

„Последен пат бев во Македонија во 2013 година“, вели Стефани Таскова која живее во Мелбурн, Австралија. Таа е задоволна што имаше можност праксата да ја обавува во кабинетот на Едмонд Адеми, министерот без ресор, задолжен за прашањата на дијаспората. „Многу е важно да се одржуваат врските со дијаспората“, рече таа и додаде дека од мала си ја сака Македонија и дека овде се чувствува како дома.

И за Дона Тодоровска која живее во Чикаго, во САД, „Родум од Македонија“ е одлично искуство. „Би сакала почесто да престојувам тука“, вели таа. Оваа студентка по финансии праксата ја извршуваше во „Ефект плус“ – сметководствена и ревизорска куќа.

И за останатите учесници праксата беше дизајнирана да биде во согласност со нивните академски цели, со нивните кариери или општите интереси. Организациите кои ги отворија вратите на учесниците на „Родум од Македонија“ беа и Бизнис акцелераторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, компанијата Еуро БПО, организациите: Институт за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје, Македонската асоцијација на млади правници, Центарот за психотерапија и едукација и Центарот за деца од улица во Шуто Оризари.

Mnogu e vazhno da se odrzhuvaat vrskite so dijasporata 2

За време на викендите тие ја разгледаа околината на Скопје, го посетија Охрид и беа дел од овогодишната Галичка свадба.

Престојот кај семејства домаќини само ја надополни сликата за животот на овие простори.  Примарната цел на „Родум од Макеоднија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци во светот да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија.

Петтиот по ред „Родум од Македонија“ овозможи деветмина млади да ги истражат подобро нивните корени. Проектот е осмислен и развиен од Питер Далас, член на Советот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) кој е роден во САД, а има потекло од Гевгелија и од Егејска Македонија. „Повторно успеавме во приближувањето на младите кон нивните корени“, рече тој на завршниот настан.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) како спроведувачи на проектот, до сега, им овозможија на вкупно 33 млади луѓе од Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Велика Британија да поминат низ ова неформално но интензивно враќање кон корените и поврзување со татковината на предците.

На завршниот настан, освен деветмината млади од САД, Канада и Австралија, присуствуваа и дел од учесниците од претходните години, министерот Адеми, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз, претставници на семејствата домаќини и други претставници на организации и институции.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme „Многу е важно да се одржуваат врските со дијаспората“