Раст на општата и на довербата во институциите |
E premte, 16 gusht 2013 09:09 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) по петти пат го спроведе истражувањето за општата доверба и довербата во институциите. Истражувањето покажа пораст на довербата речиси кај сите институции кои беа проверувани, но и пораст на општата доверба. Таа сега изнесува 56 % и е за 5,4 процентни поени повисока во однос на слично истражување направено од Галуп во 2012 г. Степенот на доверба опаѓа со зголемување на дистанцата, па довербата во соседите изнесува 68 % се до 18,3 % кај непознатите. Сепак, сè уште мнозинство граѓани сметаа дека повеќето луѓе би се обиделе да ги искористат (55,3 %), наместо да постапат чесно (42,1 %). Довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува 43, слично како во 2008 и во 2007 година, по забележаниот пад во 2010 година (41). Има пораст на довербата во сите сектори (државниот, деловниот/ приватниот бизнис, граѓанскиот), а пад има кај медиумите и меѓународната заедница. За прв пат откако МЦМС ја мери довербата се забележува мнозинска доверба во граѓанскиот сектор (54,2 %). Подетално http://www.mcms.mk/images/docs/2013/doverbata-vo-graganskoto-opstestvo-2013.pdf. Довербата во државниот сектор е битно зголемена (индексот изнесува 56 наспроти, 44,5 во 2010 година). Значителен е растот во образованието, здравството и полицијата, кои го презедоа приматот од Армијата, но и кај сите други државни институции има раст на довербата. Порастот е кај сите етнички заедници, но разликата главно се должи на порастот на довербата во државата кај етничките Албанци (од 16 % на 35,4 %), вклучително и во политичките партии. Најголемо поместување во довербата има кај претседателот, од 37,5 % во 2010 г. на 56,8 %. Порастот е кај сите етнички групи и политички партии, освен кај симпатизерите на ДПА. Собранието има умерено зголемување (од 34,4 % на 41,9 %), а Владата од 36,8 % на 42,5 %, но сѐ уште под нивото од 2008 година кога изнесуваше 51 %. Намалена, но сѐ уште мнозинска е довербата во меѓународната заедница. Довербата во ООН изнесува 58,8 %, во НАТО, 56,3 %, а во ЕУ 55,8 %. Во овие три претставници на меѓународната задница повеќе веруваат етничките Албански и симпатизерите на ДУИ. На листата на професии, предводници се наставниците/ професорите, лекарите, како и свештените/ верските лица. Најмала доверба граѓаните имаат во судиите (43,1 %) и во цариниците (36,5 %), иако и тие како и сите други професии бележат умерен до голем раст во однос на 2010 година. Истражувањето е спроведено со теренска анкета - интервјуа „лице в лице“ од 31 мај до 21 јуни 2013 година, на репрезентативен примерок од 810 испитаници. Популациската рамка беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Анкетата ја спроведе агенцијата за истражувања М – Проспект. За повеќе информации, контактирајте со: Гонце Јаковлеска, тел. 02/3088-970 или 070/252-081 и е-маил Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . Погледнете го целосниот извештај.
|