Македонските граѓански организации учеа креирање политики на словенечките искуства - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонските граѓански организации учеа креирање политики на словенечките искуства PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 29 nëntor 2012 00:00

МЦМС одржа две напредни обуки за процесите за креирање политики и подготовка на закони од 28 ноември до 1 декември 2012 година во Скопје и во Маврово. Вкупно 25 претставници на граѓански организации со искуство во креирањето политики и подготовка на закони, ги разменија своите досегашни искуства, пречките со кои се соочиле и успесите кои ги постигнале во конкретни ситуации.

IMG 1155

Горан Форбици, директор на Словенечкиот центар за невладини организации (ЦНВОС), ги пренесе методите и практиките кои во Словенија се употребуваат во процесите на застапување и лобирање. Работата во групи беше фокусирана на пристапите на застапување и лобирање за донесување или за изменување и дополнување на конкретни прописи: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за здравствена заштита, Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, Законот за бесплатна правна помош и др.

Од особена важност за учесниците беа искуствата за лобирање на ниво на Влада, бидејќи најмалку имале можност да го прават тоа, потоа, за навремени средби со сите политички партии кои конструктивно би ги подржале нивните иницијативи и би ги вклучиле во своите програми.

Прашањата кои произлегоа и се наметнаа се однесуваа на лобирањето во услови на постоење минимум политичка волја, т.е изнаоѓање алтернативни начини за лобирање, заеднички средби за споделување на искуства (од формален и неформален карактер) за прогресот во иницијативите или здружување за нови иницијативи.

IMG 1169

Претставниците на ГО истакнаа дека искуствата од обуката ќе ги употребат при тековни или идни иницијативи, поактивно и организирано ќе делуваат и ќе го систематизираат процесот на лобирање, како и ќе посветат внимание на изнаоѓање начини на соработка со клучните луѓе во процесите на креирање политики и донесување закони.

Обуката е дел од проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Македонските граѓански организации учеа креирање политики на словенечките искуства