Знаење и вештини за жените погодени од конфликтот |
E premte, 30 nëntor 2012 00:00 | |||
МЦМС и Министерството за труд и социјална политика го потпишаа договорот за спроведување на двогодишната програма: Оспособување на жените погодени од конфликот (ОЖП). Целта на програмата е да се подобри вработувањето на овие жени, а тоа главно ќе се постигнува преку јакнење на свеста и градење на капацитетите. Клучното прашање на кое се фокусира програмата е ниското учество на жените од етничките заедници во Македонија во пазарот на трудот. Со програмата ќе се оспособат околу 100 жени од Липково, Чаир, Сарај, Теарце, Желино, Јегуновце, Маврово и Ростуша. Се очекува дека ќе бидат идентификувани 500 жени, коишто сакаат да ги искористат своите права и потенцијали; ќе биат обучени и/или советувани 100 жени; 100 жени ќе бидат ангажирани во локалните претпријатија; ќе бидат зајакнати локалните граѓански организации и биде правена координација со останатите актери кои работат на оспособувањето на жените од малцинските етнички заедници. Програмата ќе се спроведе во партнерство со организациите Флоренс Најтингел, Иницијатива за европска перспектива и Рекански бисери. Буџетот изнесува 15.330.023 МКД, а средствата се обезбедени од Европската Унија и сопствени приходи.
|