Регионални искуства во вклучување на јавноста во подготовка на закони - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионални искуства во вклучување на јавноста во подготовка на закони PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 09 korrik 2012 13:19

МЦМС во партнерство со Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 4 јули во Скопје организираше регионална работилница „Партнери или противници?: Размена на добри практики за следење на владините политики и процеси во земјите на проширување“. На работилницата учествуваа околу 40 претставници на граѓанските организации, владините институции и меѓународните организации од Македонија и од земјите од регионот: Косово, Црна Гора, Србија, Хрватска, Турска, Босна и Херцеговина и Словенија.

IMG 8607-1

Присутните претставници ги поздравија Роберт Лидел, од Делегацијата на Европската Унија, Емина Нурединоска од МЦМС и Тања Хафнер Адеми од БЦСДН.

На трите сесии претставниците на граѓанските организации од Македонија и регионот имаа можност да разменат добри практики во три различни области: мониторинг на владините политики и процеси; учество и консултации на граѓанското општество и граѓаните во креирањето политики и подготовка на закони и нови технологии и учество.

На првиот панел Тина Дивјак од ЦНВОС од Словенија ја презентираше методологијата за следење и оценка на отвореноста на владините институции кон граѓанскиот сектор и практиките на консултации во процесот на подготовка на закони. Методологијата е развиена од страна на ЦНВОС и успешно се спроведува во текот на последните неколку години во Словенија. Марија Саздевски од МЦМС ги претстави првичните резултати од истражувањето на состојбата на општа комуникација на државните институции со јавноста и постоењето поддржувачка околина за вклучување на граѓанските организации во консултативните процеси. Напорите на граѓанските организации од Хрватска за заедничко застапување ги сподели Милана Ромиќ од Платформата 112. Платформата 112 е развиена од страна на 60 граѓански организации, кои континуирано работат на заштита на човековите права, демократизација, градење на мир, борба против корупцијата и за заштита на јавните ресурси, особено на животната средина.

IMG 8678-1

Втората сесија беше фокусирана на практиките на консултации во Косово, Србија и Црна Гора. Таулант Хоџа од Косовската фондација за граѓанско општество (КЦСФ) даде преглед на состојбата на консултативните процеси во Косово најмногу на примерот на Прирачникот за јавни консултации. Прирачникот е изготвен од страна на КЦСФ и усвоен од Владата со што е обезбеден официјален Водич за јавни консултации и општи информации, совети и алатки за консултации. Механизмот СЕКО за консултации во врска со програмите ИПА го презентираше Маја Стојановиќ од Граѓански иницијативи од Србија. Секторски поделени граѓанските организации ќе се вклучат во консултациите во една од 8-те области на работа: владеење на правото; реформа на јавната администрација; граѓанско општество, медиумите и културата; усогласување; развој на човекови права; локален и рурален развој; транспорт и животна средина и енергетската ефикасност. Искуството на граѓанските организации од Црна Гора од учеството во интер-министерските работни групи за Поглавјето 23 го сподели Ана Новаковиќ од Центарот за развој на граѓанските организации (ЦРНВО). Со ова на граѓанските организации во Црна Гора им се овозможила активна улога во процесот на преговори за пристапување кон ЕУ. Беше направена и презентација на Советот за развој на граѓанското општество како можност македонските учесници да научат повеќе за телото кое треба да биде развиено и во Македонија.

На третиот панел Симон Делакорда од Институтот за електронска партиципација (ИНеПА) зборуваше за е-учеството и можностите што ги нуди современата технологија во учеството и консултациите во Словенија. Дарко Соковиќ од Докукино од Србија даде различни примери и иновативни начини како граѓанските организации да стигнат до целните групи и да ги пренесат своите пораки.

Средбата беше одлична можност да се разговараат тековните проблеми преку добри примери од регионот и со предлагање нови можности за соработка меѓу граѓанските организации и другите партнери.

Работилницата беше организирана во рамките проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ финансиран од Европската Унија од Европскиот Инструмент за човекови права, а спроведуван од МЦМС во партнерство со ЦНВОС и БЦСДН.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Регионални искуства во вклучување на јавноста во подготовка на закони