За прв пат мнозинство граѓани толерантни кон Ромите; религијата апсолутен стандард, партиите не - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За прв пат мнозинство граѓани толерантни кон Ромите; религијата апсолутен стандард, партиите не PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 19 maj 2011 09:32
Македонски општествени вредности(Прес соопштение) МЦМС спроведе истражувањето „Македонски општествени вредности“. Во ова соопштение ви ги презентираме ставовите за демократијата и толеранција.

Демократијата е добар политички систем за 82,7 % од граѓаните. Најмала поддршка демократијата има кај граѓаните од работничката класа (24% сметаат дека е лош систем). Демократијата е трета најважна вредност за граѓаните лично и втора вредност која најдобро ја претставува Македонија.

Нивото на толеранција и натаму е ниско. Голема е општата нетолеранција и особено кон пет категории луѓе: соседи кои се зависници од дрога, зависници од алкохол, луѓе со криминално досие, лица заболени од сида и хомосексуалци. Во однос на 2008 година, зголемена е толерантноста кон луѓе од други етнички заедници, луѓе од друга вера и хомосексуалци. За одбележување е тоа што прв пат во истражувањата мнозинството испитаници (56,6 %) искажуваат толеранција кон Ромите.

Граѓаните не би сакале установи за згрижување на маргинализирани групи во своето соседство, освен за пензионерски домови (81,7% поддршка). За мнозинството (57,8%) е во ред да има во соседството и дневен центар за лица со хендикеп.

Околу 80 % од граѓаните се религиозни, и според наодите религијата претставува апсолутен стандард. Еден од три граѓани (30,9 %) има став дека има само една вистинска религија и таков став имаат еден од двајца или половина од етничките Албанците, односно муслиманите (49 %, односно 47 %). Доколку се вклучат и ставовите дека има една религија, но дека и другите религии содржат некои основни вистини, тогаш 62,7% од граѓаните сметаат дека има една религија. Кај етничките Албанците, односно муслиманите таков став имаат 79%, односно 80%, додека кај етничките Македонци таков став имаат 55%. Ваквите ставови би можеле да бидат основа на верска нетолеранција.

Дека постои една исправна партија, смета незначително малцинство од 8,4 %. Сумирани ставовите дека постои една или има повеќе исправни партии, тие изнесуваат 48,9 %, наспроти ставот дека ниедна партија не е исправна (42,6 %), вклучително и за секој четврти нивни член.

Анкетата за МЦМС ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на национален репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme За прв пат мнозинство граѓани толерантни кон Ромите; религијата апсолутен стандард, партиите не