| МЦМС на Скопскиот маратон | 
		 		 | 
		
				
		 		 | 
		
				
		 		 | 
					
| E martë, 10 maj 2011 08:36 | |||
| 
 Тројца претставници на МЦМС беа меѓу неколкуте илјади маратонци кои по петти пат ја трчаа патеката на Скопскиот маратон. Сашо Клековски, Кренар Кука и Симона Огненовска си ги одмерија силите на патеката за 5000 метри. 
 „Учеството на Маратонот е прво учество на трка по „Цветната трка“ што во 2002 година ја организираше ОБСЕ. Посебно е важно да се спортува и рекреира, без разлика на професионалната зафатеност, возраста ... Мило ми е што во МЦМС успеваме во тоа, и секако ми е мило што сите ја завршивме трката“, вели Сашо Клековски. Скопскиот маратон собра многу позитивни критики за организираноста и посетеноста, посебно таа на патеката. 
  |